Почина Наце Ристов – Ниту хуманоста на граѓаните не беше доволна да се оствари неговата желба, да го победи агресивниот вид на канцер на лимфните жлезди, за да му се радува на животот со своите две деца кои ги сакаше бескрајно. Иако беа собрани сите потребни средства за лекување во Турција, со матични клетки, средства собрани од донации на хуманите граѓани, неговото тело не ја издржа битката со опаката болест.
Зад себе остави ужалена сопруга со две малолетни деца.
Наце со својата борба и дух ја обедини цела Македонија. Неговата сила, верба и насмевка ќе останат врежани во срцата на сите.

Веста за неговото заминување ја објавија неговите најблиски на социјалните мрежи.
Наце замина пред време на свои 37 години.
Почивај во мир душо страдална!
Најди вечен спокој во светлината!