петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Доделена ПЛАКЕТА за Најуспешен спортист од Гевгелија за 2024 на Влатко Семенаков

Спортската редакција на GevgelijaNet.com следејќи ги спортските настани во општината Гевгелија и регионот во текот на 2024 година, со се' присутноста во спортските натпревари, со постигнатите резултати и како спортист, атлетичар, и како тренер и професор по спорт го прогласи Влатко Семенаков за спортист на 2024 година, за неговиот придонес во афирмацијата на спортот, на спортска Гевгелија и активација на младите и децата во спортот

февруари 22, 2025
in ИНТЕРВЈУ, СПОРТ
Доделена ПЛАКЕТА за Најуспешен спортист од Гевгелија за 2024 на Влатко Семенаков
0
SHARES
628
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Спортската редакција на GevgelijaNet.com следејќи ги спортските настани во општината Гевгелија и регионот во текот на 2024 година, со се’ присутноста во спортските натпревари, со постигнатите резултати и како спортист, атлетичар, и како тренер и професор по спорт го прогласи Влатко Семенаков за спортист на 2024 година, за неговиот придонес во афирмацијата на спортот, на спортска Гевгелија и активација на младите и децата во спортот.

Плакетата за Најуспешен спортист му беше доделена денеска во друштво на неговите животни, а по се изгледа и спортски наследници, синовите Горан (9 г.) и Костадин (6 г.) кои веќе настапуваат на спортски атлетски митинзи одејќи по стапките на својот татко.

Related posts

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
Влатко Семенаков со синовите Горан и Костадин

Плакетата ја додели Главниот уредник на порталот GevgelijaNet.com Јованка Дојранлиева.

Средбата беше повод за честитки за постигнатото и разговор за спортските почетоци на Влатко Семенаков.

GevgelijaNet: Од кога почнувате активно да се занимавате со спорт, и воопшто, како ги откривте своите спортски пориви, за да сега пишуваме за нив како достигнувања и резултатно, и во создавањето нови генерации спортски приврзаници кај младата популација во Гевгелија?

В.Семенаков: Од секогаш сум бил активен, како дете во маалските игри, играјќи трчкачка, или мижи мала, тогаш немавме сали, тренери, ментори. Но, своите потенцијали ги открив како 5-то одделенец кога на трката на Динќот организирана од тогашниот стопанисувач со овој локален објект Митренцев, без никакви подготовки, во конкуренција на ученици од двете основни училишта од Гевгелија јас освоив Второ место.
Подоцна се определив да студирам спорт, се запишав на студии на ДИФ, и студирав на две насоки: за професор по спорт и спортски активности и, втората насока за професиоален тренер по фудбал. Завршив во учебната 2008/2009 и станав ПРВ Магистер по спорт во општина Гевгелија.

GevgelijaNet: Дали тоа значи дека Ве опсипаа со понуди спортските клубови, училиштата, или факултетите да го искористат Вашиот стручен професионализам во спортот?

В.Семенаков: Па, интерес покажаа од Фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија од каде добив понуда да бидам нивен тренер, на првата тимска постава. За мене беше привилегија најстариот клуб во Гевгелија, миленик на гевгеличани да ми ја довери тренерската позиција. Добив енормен потсрек и елан да се вложам и да постигнам нешто со клубот и фудбалерите. И навистина трудот излезе на виделина. Таа година го освоивме Купот „ДРИТА“ со првиот тим на ФК „Кожуф“ во 2009 година. Помошен тренер беше Ице Трајанов-Радовиш. Доверената улога тренер на ФК „Кожуф“ ја оправдав со тоа што донесовме со тимот победнички Пехар дома. И следната година 2010 останав да бидам тренер на ФК „Кожуф“ Гевгелија.

Победничкиот тим на ФК „Кожуф“ на КУП „Дрита“ 2009

GevgelijaNet: И, застанавте ли тука со фудбалот?

В.Семенаков: Се покажаа многу влијателни локалните суети и интерните политики од типот „Зошто овој игра, зошто не оној?“ ставајќи го квалитетот и успехот во позадима. Мене ми е жал што како професионалец, дипломиран тренер за фудбал со Магистратура, не ми беше оставен повеќе временски простор за работа во фудбалот. Останав да работам како тренер за пливање на базенот „Фатаморгана“ на покана од сопственикот Марин Каракабаков. Овде работев заедно со нашиот познат пливач и државен првак Александар Маленко и со Наташа Мешкова, исто така државен првак во пливање. Работевме претпладне со школата за пливање, а попладнето се до завршувањето на пливачката сезона работев како спасувач на базенот. Тоа беше периодот од 2009 до 2010. веќе 2011 се вработив како професор по спорт и спортски активности во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.

GevgelijaNet: Освен тренерската позиција вие секако имавте и свои спортски учества. Кои дисциплини ве привлекуваа?

В.Семенаков: Фудбалот дефинитивно, но пак во улога на тренер. Во 2016 година бев тренер на тимот „Есперо“ кој зеде учество на истоимениот турнир во Футсал. Го освоивме првото место и победничкиот пехар. Се договоривме пехарот, бидејќи немаме клубски простории, да го понесе најдобриот стрелец од тимот, тоа беше Михаил Попов.

„Есперо“ турнир освоено ПРВО место

Истиот тим истата година учествуваше и на турнирот во Стојаково, јас како тренер, а спонзор им беше „Мики Џа“ па екипата настапи со тоа име. Истиот тим го освои и овој турнир со победнички пехар кој го понесоа од Стојаково.
Овој состав се покажа трофеен и на турнирот „Гелебешев“ каде го освоија Третото место. Јас бев тренер, а иницијатор за настап и поддршка беше Пепи Лешов.

Фудбалски тим „Млади таленти“ родени 2016, под раководство на Семенаков освои ВТОРО место на Меморијалниот Турнир „Никола Гелебешев 2024“

GevgelijaNet: Значи тренерската улога е пресудна, а во недостаток на маркетинг иницијатива тимот кој вие го подготвувате настапува под името на спонзорите.
Што со настапите на учениците на кои им предавате спорт? Годинава имавте успешна серија победи и со машките, и со женските тимови во повеќе спортови. Ова секако не се случајни резултати, туку професорска работа која во училишната спортска сала прераснува во тренерска имплозија.

Влатко Семенаков: Со учениците не можам да докажам колку се’ медали и награди сме освоиле во спортот, и школски, и поединечни. Имаме освоено Државно првенство во пинг-понг со Бојмалиев во 2012 година, Прво и Второ место, Имаме освоено Прво и Второ место на Државно првенство во серва, Имаме освоено Прво и Второ место во Баскет 3 х 3 на Државно првенство за училишни спортови…
Подинечно: Ќе ги истакнам достигнувањата на моите ученици како тренер во тенис. Тренер по тенис сум од 2013 година, а веќе во 2014 со ученикот Давид Јовановски освоивме Прво место во тенис на Државно првенство. Следуваа победи на државно првенство по тенис со Тина Сламкова, Данче Лозановска, Ивана Груиќ. Ивана е три пати државен младински првак. Годинава се подготвуваме за 4-ти настап на Државно првенство во тенис за младинци.

Ивана Груиќ Прво место на Државно првенство во тенис
Тина Сламкова – I местто тенис, ДП Прилеп
Данче Лозановска – II место, ДП Скопје

Заради сите овие активности, настапи и достигнувања во 2014 година од страна на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, нашиот Училишен спортски клуб од Гевгелија, на кој јас бев претседател, беше прогласен за НАЈДОБАР Училишен спортски клуб во Македонија и добивме Златна Плакета и статуетка. Наградата ја додели Александар Туфеџиевски, истакнат професор на ДИФ, спортски работник и Претседател на Федерацијата на училишни спортови на Македонија.

Статуетка за „Најдобар училишен спортски клуб“ доделена од ФУС на Македонија

GevgelijaNet: Уште малку па ќе заклучиме: „Кого што Влатко тренира, тој победува“. Остана неодговорено прашањето што и погоре го поставивме за тоа кои се вашите спортски предизвици лично во кои вие учествувате како натпреварувач?

В.Семенаков: Учествував во „Синдикалните игри“ во тимот од Гевгелија, каде учествуваа тимови од Македонија но и од соседните земји. Овде со тимот во одбојка освоивме ПРВО место две години по ред, а Влатко како поединец-натпреварувач освоив прво место во пикадо.
– Учествував во „Велотон трките“ во Гевгелија и до сега освоив ТРЕТО, па ВТОРО место (се подобрувам).
– Учествуван на Планинска трка со велосипед во Крушево и овде освоив Трето место;
– Учествував на националното првенство во триатлон 2024 што се одржа во Дојран и овде освоив Второ место, во конкуренција од елитна триатлон сила на Македонија;

Велотлон 2024 – ВТОРО место за Семенаков
Државно првенство во триатлон 2024, Дојран – ВТОРО место за Семенаков

– Учествував два пати на трката на издржливост “Punk’s Backyard Ultra” што се одржува во Гевгелија и овде првата трка истрчав 107 километри, а втората трка, во 2024 година истрчав рекордни за мене, а и за спортската фела од Гевгелија, 120 километри, за време од 15 часа и 38 минути;

Трка на издржливост – “Punk’s Backyard Ultra” 2024

– Учествував на трката „Вегоритис“ во Грција 2023 година и овде на трасата од 15 километри истрчав со второ најдобро време и освоив ВТОРО место во меѓународна конкуренција;

Трка „Вегоритис“ Грција- освоено Второ место

– На последната трка „November Run 2024“ истча со најдобро време од атлетичарите од Гевгелија на трасата до 5 километри во елитна меѓународна конкуренција;
– Последниот успех е ВТОРО место освоено на трката „Треил трка вино и љубов“ по висините на Долни Дисан, во Неготинско која ја истрчав со мојот син Горан (9 г.) во категорија „фамилијарна трка“.

GevgelijaNet: Значи, велосипедизмот и атлетиката ве освоиле како спорт. Вие сте активен член на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија и редовен учесник на атлетски трки во државата и странство, речиси секој месец, секоја втора недела, како лично, така и со вашите ученици во „Школата за атлетика“ што функционира во рамките на клубот. Донесовте многу медали дома. Која е моивацијата за секоја минута од денот да ја исполните со спорт, со учење за спорт, со тренинзи, со настапи, со мотивација на децата? Што е тоа што го храни Вашиот спортски ентузијазам кој засега е платен само со медали и исполнети витрини со освоени пехари?

Берба на медали – почесно место има Плакетата за Најдобар спортист од Гевгелија за 2024

Влатко Семенаков: Тоа ми е професија – да ги учам луѓето за спорт, за правилна техника во спортот. Во Школата за атлетика работиме со колегата Тодор Анчев. Во моментот имаме 30 деца на обука од различна возраст и ги подготвуваме спрема возрасните категории. Зад нас веќе има остварени успеси, и на домашни и на меѓународни трки. Последната победа е на Ана Бегова на трката од 8 км во Долни Дисан во конкуренција за девојчиња до 14 години. Исто и на Горан Семенаков кој истрча второ време на истата траса од 7 км, во категоријата „фамилијарна трка“, иако има само 9 години. Наш ученик во Школата за атлетика Томче Петков го освои првото место во конкуренција деца на истата траса од 8 километри. Тоа се резултати кои се остваруваат со тренинзи.
Не за џабе рекле „Атлетиката е кралица на спортовите“. Секој од овие 30-на деца кои ги подготвуваме не значи дека ќе станат атлетичари, но тоа се физички и психички подготвени поединци кои веќе владеат со моториката со што можат да се вклучат во било кој спорт што понатаму ќе ги привлече и да остварат свои лични резултати. Тоа е мојата мотивација – да спортуваат децата, да учат за спорт, да бидат здрави, успешни и исполнети. А со успесите доаѓа и радоста и желбата за нови победи.

Тим кој освојува медали – Школа за атлетика АК „7 Ноември“ Гевгелија
Деца медалисти – продукција „Школа за атлетика“, АК „7 Ноември“ Гевгелија

GevgelijaNet: Значи децата од Школата за атлетика при АК „7 Ноември“ се спремни да атакуваат на медали во новата атлетска сезона. На што следно се подготвува спортистот Влатко лично? Каде ќе ги усмерите вашите спортски сили?

В.Семенаков: Лично од тренерот на нашиот најуспешен маратонец и Олимписки претставник Дарио Ивановски, успешниот спортски работник и тренер Игор Јакимовски, добив покана да учествувам на Балканско првенство во атлетика што ќе се одржи на 7, 8 и 9 март годинава. Ќе настапам во две категории: на 1,5 километри и на траса од 60 метри. Одам со 4-ро член тим на Македонија и ќе ја претставувам нашата земја на Балканското првенство кое ќе се одржи во Србија, на професионална атлетска траса во Сала спортова во Белград.

GevgelijaNet: Ние искрено Ви посакуваме понатамошни успеси – да ја претставите достојно Македонија на БП, а ќе навиваме за Вас и од спортска Гевгелија. Ви посакуваме многу нови медали со младите атлетичари од АК „7 Ноември“, нови освоени подиуми со тенисерите, ученичките тимови кои со вашата професорска настава ги доведовте до пласман на државно првенство. Успеси и Успеси, за здрави генерации и здрава младина.
Ви благодариме за разговорот и споделената спортска историја од вашата некогашна и се’ уште активна спортска кариера.

Плаќета за Најуспешен спортист за 2024 доделена на Влатко Семенаков од Главниот уредник на GevgelijaNet.com Јованка Дојранлиева

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга на Меѓународен саем за туризам во Белград

Next Post

ВИДЕО: Македонката Даниела Алексовска е Европски Шампион во ММА

Next Post
ВИДЕО:  Македонката Даниела Алексовска е Европски Шампион во ММА

ВИДЕО: Македонката Даниела Алексовска е Европски Шампион во ММА

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Филипче во Гевгелија: Од ден во ден поддршката расте, ВМРО-ДПМНЕ ќе се шокира од резултатот во четворката

Филипче во Гевгелија: Од ден во ден поддршката расте, ВМРО-ДПМНЕ ќе се шокира од резултатот во четворката

1 година ago
Бензините поевтинуваат, се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија

Бензините поевтинуваат, се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија

2 години ago
Документарен филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“

Документарен филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“

1 година ago
Македонија добива меѓународна помош за гаснење на пожарите

Македонија добива меѓународна помош за гаснење на пожарите

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје
  • ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist