По 34 пат и годинава се одржа традиционалната манифестација на прогласување на најдобрите во спортскиот живот на Македонија „Асовите бираат асови”, во организација на Македонскиот Олимписки Комитет, а домаќин на настанот беа Негорските минерални бањи кај Гевгелија.
Се доделија многу признанија и награди во повеќе категории.
Наградата “Најдобар спортист на Македонија” ја понесе капитенот на ракометната репрезентација, Филип Кузмановски.
“Најдобар тренер” како и “Најдобар млад играч” им припаднаа на учесниците на последниот мундијал, Кирил Лазаров и Марко Митев.

Спортски великан на годината е Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК.

Наградата за Најдобар спортист на Македонија ја додели претседателот на МОК, Даниел Димевски кој меѓудругото се осврна и на организацијата на Европскиот Младински Олимписки Фестивал на кој ова лето Скопје и Куманово ќе пречекаат 2.500 спортисти од 48 земји.
Оскар за најдобар млад клуб беше доделен на ППК „Зегин“.