Некогашниот државен првак во пинг-понг како ученик и носител на Прво место на Зимската Бизнис лига на „Негорци Опен 2025“, викендов се закити со нов медал – за освоено ТРЕТО место на турнирот „Кратово Опен 2025“.
На турнирот настапија 36 пинг-понгари од цела Македонија. Меѓу натпреварувачите беше и Кристијан Станојковски кој е 13 пати по ред државен првак на Македонија.
Бојмалиев во ова друштво влезе како играч без клуб, што е важно да се истакне. Резултатите од турнирот се следни:
1. ПРВО место 🥇 Кристијан Станојковски – (ППК Крива Паланка)
2. ВТОРО место 🥈 Андреј Васевски – (ППК Куманово)
3. ТРЕТО место 🥉 Кристијан Бојмалиев – (с.Негорци-Гевгелија).

Бојмалиев продолжува со успесите во пинг понгот, спорт кој го одбра уште во школските денови и веќе неколку години е главен промотор на овој спорт во с.Негорци и во општина Гевгелија.
Засега ова момче сам се пробива со спортот, сам организира пинг-понг турнир во Негорци со поддршка на неколку локални фирми и искрено очекува поддршка и од страна на Општината заради целокупниот ангажман во промоцијата на пинг-понгот како спорт во нашата општина, па и промоцијата на спортска Гевгелија со своите настапи на државни и меѓународни натпревари.

Ние му честитаме за новиот медал и посакуваме уште понатамошни успеси.