Јужната маратонка и љубител на планински трки, Валентина Узунова, викендов учествуваше на трката „Chupino Winter Vertical 2025“ и се закити со трофеј за освоено ПРВО место.
Валентина ја истрча трасата долга 5.500 метри, со елевација од 1.030 метри за време од 1 час 23 минути и 45 секунди.
Валентина не е првпат на „Чупино треил“. Tаа во 2022 година исто така го освои ПРВОТО место во категорија „ветерани женска категорија“.


Tрката започнува од Блатец, а завршува на врвот Чупино.
Зад Валентина, на второто место на подиумот се искачи Лидија Арсовска – која трасата ја истрча за 5 минути и 45 секунди побавно од Валентина. Таа е лекарка која спортува исто во дисциплиа „жени 50+“. Ова е уште еден доказ дека годините не се пресудни за победата, туку психофизичката подготвеност. Победничката Вале е 58 годишна спортистка, атлетичарка и се’ почесто присутна на треил планинските трки кои бараат максимална физичка подготвеност од натпреварувачот.
Валентина својата победа ја посвети и овој пат на пациентите за Пулмонална хипертензија за нивна видливост и потреба од укажување помош во здравствената грижа за нив со достапност на лекови и соодветна терапија.
На трката кон врвот на Чупино, во зимски услови учествуваше и Методија Ичев како член на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија и освои 33-то место во машка конкуренција. Севкупно на трката учествуваа 150 атлетичари.