Борислав Крмов, Горан Мисовски, Артан Груби, Александар Даштевски, Фатмир Меџити, Талат Џафери, Арбер Адеми, Илир Демири, се само некои од поранешните пратеници, министри и директори кои Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ги казни со парична казна од по 300 евра, соопштија денеска оттаму. Тие објавија листа со над 80 поранешни и актуелни функционери кои го прекршиле законот.
– „Во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци. Досега од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, а Комисијата најавува дека ова во иднина ќе биде редовна пракса. Јавно објавените информации ќе бидат достапни во период од две години по нивното објавување, а истите содржат сторител на прекршок, прекршок, опис на дејството кое претставува прекршок и висината на изречена глоба“, соопштуваат оттаму.
Како што се додава во соопштението, преку објавување на овие информации, ДКСК има за цел да ја информира јавноста за да ги охрабри граѓаните и институциите да се придржуваат до правните норми.
- „Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија. ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата“, се додава во соопштението.
На овој ЛИНК се наоѓаат имињата на сите функционери кои ќе треба да платат парични казни.

На листата се и тројца функционери од Гевгелија:
1. Марија Костадинова, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднела изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК, предвидено со член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ. Изречена е казна од 300 евра;
2. Ангелинка Петкова, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднела изјава за имотна состојба и интереси, член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ, изречена казна од 300 евра. (Со распуштањето на Собранието пред Парламентарните избори на РСМ во 2024 на Петкова и’ престана мандатот пратеник, н.з.)
3. Патрик Матх, Службено лице е избрано на функцијата Претседател на Совет на општина Гевгелија, истовремено и е В.Д директор на ЈЗУ Општа болница со прошиерена дејност – Гевгелија, именуван од страна на Министерство за здравство член 44 став 4 од ЗСКСИ, а казнив по член член 105 став 1 алинеја 1 од ЗСКСИ, изречена казна од 300 евра.
За сите 86 казнети функционери Одлуката е донесена од ДКСК, а објавена денес на 26.02.2025 година.