Гевгелиските мотокросисти ги започнаа подготовките на годинашниве мотокрос настапи на државно и меѓународно ниво.
Минатата недела, во периодот од 18.02.2025 до 22.02.2025 дел од членовите на спортскиот клуб Мотокрос Клуб „Гевгелија“ учествуваа на групен тренинг камп кој се оджуваше на добро познатата патека во соседна република Грција, близу градот Кавала, Кринидес.
Домаќинот Димитрис ја одржува патеката на врвно ниво, а тоа го покажува огромниот број на пријавени на БМУ Европските трките кои се одржуваат таму.
– „Спортистите од Гевгелија тренираа заедно со петнаесетината возачи од Романија предводени од познатиот мотокрос возач и тренер Јонуц Цојану. Ваквите тренинзи, со возачи на различни нивоа, придонесуваат подобро да се снаоѓаат нашите возачи на трките кои им претстојат“ – изјави за GevgelijaNet Милан Стојанов од Мотокрос клуб „Гевгелија“.
Натпреварувачката сезона за 2025 година гевгелиските мотокросисти ќе ја започнат со трката од БМУ Европскиот Шампионат која ќе се оджи на патеката Кринидес, во Грција на 22-23 Март, а на патеката Орман во Скопје започнува Македонскиот Шампионат на 5-6 Април.
И двете патеки им се добро познати на нашите мотокросисти, па им посакуваме лесен и чист пат до ЦЕЛТА!
