Дрогата синоќа однесе зад решетки средновечен богданчанец.
Во полицискиот извештај на МВР стои дека настанот се случил вчера, на 26.02.2025 во 21:30 часот во Богданци. Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Богданци, затоа што во негова близина била пронајдена и одземена прашкаста материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.