сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Добрила Чабиќ: Како да се остане млад и ведар и во 97-та година од животот

Македонската актерка, пејачка и жителка на Стар Дојран гостува на ТВ Прва во Србија и со својот ведар дух објаснува како се одржува позитивно во животот и на свои 97 години

февруари 28, 2025
in SHOWBIZ
Добрила Чабиќ: Како да се остане млад и ведар и во 97-та година од животот
0
SHARES
202
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Македонската актерка, пејачка и жителка на Стар Дојран Добрила Ивановска Чабриќ гостува на ТВ Прва во Србија и со својот ведар дух објаснува како се одржува позитивно во животот и на свои 97 години.

– „Немам план во денот. Пуштам да ме носат желбите, зошто ако направам план секогаш нешто ќе излезе другачие. И така опуштено живеам“ – вели Добрила за својот слободен уметнички однос и во животот, не само во својата уметничка професија која траеше неколку децении.

Related posts

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025
ВИДЕО: Богата програма на  „На сред село во Негорци“

ВИДЕО: Богата програма на „На сред село во Негорци“

јуни 22, 2025

На поканата да учествува на утринската програма на Првата ТВ во Србија вели одговорила позитивно и тргнала со автомобил, кој го управува сама.

– „Уживам да возам. Тогаш се осеќам своја“ – вели Добрила.

Сепак, ја забезекна водителката кога и кажа дека некаде пред Јагодина, на пат за Белград ја фатила дремка, запалила цигара иако не пуши (цигарата и’ ја дала снаата за задуша на починатиот внук Влатче), и во обид преку прозорот да ја истресе пепелта со колата удрила во некоја ограда, се затетеравил автомобилот лево десно, додека успеала да воспостави контролира над управувањето со воланот. И, вели „Ништо, продолжив со патувањето“.

Сепак таа вечер останала да преноќи во близина кај свои луѓе и следниот ден да допатува во Белград.

Во студиото од емисијата „Јутро на Првој“ – Добрила со водителката

Добрила со насмевка истакнува дека нема проблеми со полицијата која попатно ја застанува, туку дека тие униформирани лица веќе ја препознаваат на оваа релација и и велат: „Добрилче продолжи“.

Својот уметнички живот го одбележа со улогата на Коштана, го позајмила гласот за филмот „И Бог ја создаде кафанската пејачка“, гостувало во Белградското Народно позориште, а со песната била на сцените во Белград, Париз, пеела пред Марија Калас, пред Оназис, Ана Мускури, пред Брижит Бардо, Ален Делон, пред Белмондо и многу други познати лица. Најубаво и било кога настапувала како самостоен уметник во Крит, во Атина, пеела, во Бугарија, Грција, Румунија, Канада и по цела Русија.

После гостувањето ужива во разговор со дел д екипата на „TV Prva“

Има детали и за животот, и за мајчинството, и за премрежјата со разводот како млада 21 годишна мајка која немала разбирање од сопругот… После 20 и нешто години повторно се омажила со истиот човек, таткото на нејзиниот син. Речиси филмска приказна како холивудските ѕвезди Елизабет Тејлор и Ричард Бартон кои два пати се венчаа и два пати се разведоа.

Погледнето го видео парчето од гостувањето на Добрила на емисијата „Јутор на Првој“, жена која на 97 години шири позитивна енергија.

Добрила стана победник на шоуто „Никад није касно“ во 2018 година на свои 90 години. Од тогаш стана позната на Балканот, ја канат на многу телевизиски гостувања и стана миленик на медиумите во Србија.

Среќно на нашата Доби, нека ја држи гласот за песна и духот на животот уште многу години.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Стаса првиот штрк годинава во Богородица, гевгелиско

Next Post

ПЕТОК НАВЕЧЕР

Next Post
ПЕТОК НАВЕЧЕР

ПЕТОК НАВЕЧЕР

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Стаса првиот штрк годинава во Богородица, гевгелиско

Стаса првиот штрк годинава во Богородица, гевгелиско

4 месеци ago
Локализиран пожарот помеѓу селата Негорци и Серменин

Локализиран пожарот помеѓу селата Негорци и Серменин

1 година ago
Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија

Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија

2 години ago
Поделени 120 хуманитарни пакети од Гевгелиските цркви

Поделени 120 хуманитарни пакети од Гевгелиските цркви

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist