четврток, 5, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе во српскиот шоу-бизнис

март 1, 2025
in SHOWBIZ
Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“
0
SHARES
250
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе во српскиот шоу-бизнис. Роден е на 24 април 1954 година во Нови Сад.

– „Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера“, соопштија од продукцијата.

Related posts

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

јуни 4, 2025
ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

јуни 4, 2025

Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.

Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.

Саша во прегратка на Лепа Брена и „Слатки грех“

Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.

Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.

После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.

 

За српски „Блиц“ се огласија Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ.

  • „Ова е голема загуба за сите нас. Бевме пред се кумови, пријатели и најблиски деловни соработници. Сега кога требаше да ужива, се случи ова. Голема загуба е, што да кажеме повеќе. Беше голем” – велат Брена и Боба.

Саша Поповиќ не цела година се бореше со тешката болест убеден дека ќе ја победи. Имено, на свои млади години, како 37 годишник бил на турнеја во Бугарија и сакал да ја посети Баба Ванѓа. Таа му прорекла дека ќе умре на 86 години. Се’ што му прорекла за кариерата, дека естрадата ќе биде „под негови нозе“ погодила, но не и за возраста на која ќе почине. Саша се одјави на 70 години.

Неговото лекување од тешката болест беше доверено на лекарите во Париз, во Франција, каде што редовно одеше на терапија.

Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата, а раната не зараснала. Лекарите извршиле детални прегледи на цело тело на Поповиќ и откриле за жал дека неговата здравствена состојба не е добра. Иако третманот започнал веднаш, болеста не се повлекувала. Колегите до последен момент се надеваа дека ќе се врати во жирито на „Звезде Гранда“ и му испраќаа пораки на поддршка.

ShareTweetShareSend
Previous Post

САВА МИХАЈЛОВ – (1877-1905) – 120 години незаборавна историска величина на Гевгелија

Next Post

Денеска е Прочка – Празник на проштевањето

Next Post
Денеска е Прочка – Празник на проштевањето

Денеска е Прочка – Празник на проштевањето

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

СДСМ Гевгелија: Политичко вандалство во Гевгелија

СДСМ Гевгелија: Политичко вандалство во Гевгелија

2 години ago
Александар Груиќ од Гевгелија со нов меѓународен медал

Александар Груиќ од Гевгелија со нов меѓународен медал

10 месеци ago
Филипче во Валандово: Расположението се менува, СДСМ добива зголемена поддршка на терен

Филипче во Валандово: Овде СДСМ покажа на локално ниво што значи вистинска грижа за луѓето

1 година ago
Денеска е Прочка, ден за меѓусебно простување

Денеска е Прочка, ден за меѓусебно простување

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти
  • ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит
  • Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

јуни 4, 2025
ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

јуни 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist