Дојче веле беше во посета на Гевгелија и од сите убавини во нашиот град одбра да ја регистрира најубавата слатка што ја има градот – грчката баклава која се подготвува во слаткарницата „Шар Планина“ на познатите мајстори и генерациски потомци на Реџо Зиза.
Ова е семејна слаткарска историја стара веќе 80 години. Во 1948 година слаткарот Реџо отворил свој дуќан за продажба на слатките и питите кои ги подготвувало неговото семејство.
Овде во актуелно време доаѓаат и гости од Грција да ги пробат вкусните слатки, но и мекиот бурек со месо и со сирење, баничките, питите, кифлите со домашно потквасено кисело млеко.
Освен вкусот, „Шар планина“ плени и со услугата. Овде најнасмеан е правнукот на основачот Џанeр Шата, кој има 19 години, а ужива да ги дочекува гостите и да ги нагости за мерак и паметење, па да посакат да дојдат пак.
Ај да не ве стрвиме многу. Погледајте го видеото што го поготви DW и се знае на следната посета на Гевгелија почестете се слатка грчка баклава од Реџо.