Јавното обвинителство во Гевгелија доби нов јавен обвинител по избор на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) кој заседаваше денеска и донесе одлука за избор на нови 31 јавни обвинители во државата.
За Основното јавно обвинителство Гевгелија донесена е Одлука довербата за извршување на функцијата јавен обвинител да ја превземе Драгиња Аврамчева.
Драгиња доаѓа во ОЈО Гевгелија каде повеќе од една деценија јавната обвинителка Василка Ковачева Садикова го водеше Јавното обвинителство во Гевгелија, како единствен јавен обвинител.
Аврамчева завршила Академија на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во јануари годинава и на конечната ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители издадена од Академијата на 16.01.2025 година таа има 51,94 бодови и се наоѓа на 95-то место на ранг листата од вкупно 97 кандидати.
Освен за ОЈО Гевгелија, Советот на јавни обвинители денеска избра нови јавни обвинители за уште 9 јавни обвинителства, и тоа за Скопје со избор на 15 јавни обвинители, за Битола, Делчево, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип.
Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево, не го добил потребниот број на гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени.
За денешниот избор на 31 јавен обвинител во државата Советот на јавните обвинители се огласи со соопштение на својата ВЕБ страница.
Во прилог soopstenie за Одлуките донесен на денешната седница на СЈОРМ.