вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Панел дискусија за „Жените кои создаваат промени“ во пресрет на 8-ми Март

Акцентот е ставен на згрижувачките семејства на деца кои останале без родителска грижа, за нивниот хуман одговор кон потребата децата да живеат во семејство, да растат со љубов и хармонија во домот

март 7, 2025
in ФОКУС
Панел дискусија за „Жените кои создаваат промени“ во пресрет на 8-ми Март
0
SHARES
696
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Центарот за поддршка на згрижувачките семејства на СОС Детско село – Скопје овој Меѓународен ден на жената 8 Март, го посветува на рушење на стереотипите, на потребата од отворени разговори и создавање поемпатичен свет.

За таа цел денес во Гевгелија се одржа панел-дискусија на тема “Градење мостови: Жените што создаваат промени”. Акцентот е ставен на згрижувачките семејства на деца кои останале без родителска грижа, за нивниот хуман одговор кон потребата децата да живеат во семејство, да растат со љубов и хармонија во домот.

Related posts

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025
Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

јуни 29, 2025

На панел дискусијата беа отворени прашањата:

🔹 Зошто некои жени заминуваат од семејството? Во општество каде што улогата на жената често се сведува на очекувања и традиции, се зборуваше за причините што ги поттикнуваат некои жени да донесат тешки одлуки.

🔹 Каква поддршка им е потребна за да останат во семејството? Жените носат товар на бројни улоги – мајки, сопруги, ќерки. Каква поддршка им е потребна за да ги исполнат овие улоги без да го изгубат сопствениот идентитет?

🔹 Како жените згрижувачки умеат да дадат љубов и разбирање? Во свет каде што љубовта и топлината не секогаш доаѓа од биолошкото семејство, жените згрижувачки создаваат безбедни средини за децата кои имаат потреба од грижа и љубов.

🔹 Како жените можат да си помагаат меѓусебно, без осуда? Солидарноста и поддршката меѓу жените можат да направат разлика. Ќе отвориме искрен разговор за тоа како можеме да изградиме култура на поддршка, разбирање и емпатија, без осуда.

Панел дискусијата ја водеше Атина Тасевска, стручен соработник во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Скопје, а беа присутни и претставнички на ЦЗС од Струмица и мајка од семејство згрижувач на 12 годишно дете.

Беа поставени прашања, разменети искуства и нагласена потребата од ширењето на семејството на згрижувачи во државата за потребата децата кои се напуштени од биолошките родители, или родителите го изгубиле правото на старателство поради изречени мерки, судски забраи, нагласена е потребата децета да живеат во семејни средини, а не во колективни домови.

Оваа програма за згрижување на деца без родители беше претставена пред две години во Гевгелија и беше спроведена обука која ја завршија четири семејства. Во моментот во општина Гевгелија функционираат 4-ри згрижувачки семејства, од кои едно општо и три се роднински згрижувачки семејства. На тој начин детето добива семеен прием, љубов и сигурност кај домот на згрижувачите. За овој ангажман семејството згрижувач добива финансиска надокнада од државата за трошоците за агрижување и нормален живот на детето.

Во рамките на југоистичниот регион постојат уште 20 згрижувачки семејства и тоа 10 во Струмица, од кои 2 општи, а 8 роднински згрижувачки семејства. Во општините Валандово и Дојран заедно има уште 10 згрижувачки семејства. Се вкупно четирите општини од Југоисткот Гевгелија, Валандово, Дојран и Струмица имаат 24 згрижувачки семејства и исто толку згрижени деца без грижа од биолошкиот родител.

Присутните на панел дискусијата покажаа интерес за темата и заклучија дека е потребна поголема прмоција на овој тип за згрижување на децата од хумани причини кон младите и од хумани причини на семејствата кои сакаат и се подготвени да пружат љубов и топол дом некому, кому му е неопходно за да порасне и се изгради во здрава индивидуа.

Закажана е и промоција на финансиската поддршка на згрижувачките семејства и кај популацијата невработени во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачките семејства и Агенцијата за вработување во Гевгелија.

Настанот се одржа во соработка со Центарот за социјални работи Гевгелија.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Доделена ПЛАКЕТА за „Најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година“ на Ана Бегова

Next Post

Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

Next Post
Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гори кај с.Николиќ, дојранско

Гори кај с.Николиќ, дојранско

2 години ago
Освоени 12 награди и ЧЕТИРИ ПРВИ место за учениците од Гевгелија на Државен натправар по природни науки

Освоени 12 награди и ЧЕТИРИ ПРВИ место за учениците од Гевгелија на Државен натправар по природни науки

1 месец ago
Превентивна активност на ОВР Гевгелија за безбеден сообраќај

Превентивна активност на ОВР Гевгелија за безбеден сообраќај

2 години ago
ВИДЕО: ПРВОМАЈСКИ  ТРКИ во СТОЈАКОВО

ВИДЕО: ПРВОМАЈСКИ ТРКИ во СТОЈАКОВО

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist