Ова е насмевката на Ана која денеска на трка на 1000 метри во рамките на „Кавадаречкиот полумаратон“ освои ПРВО место во категоријата за деца – девојчиња до 14 години.
Ана и денеска се искачи на пиедестелот и освои победнички ПЕХАР за најдобро време на патеката за деца од сите девојчиња, дури и поголеми од неа.
Ова е третиот трофеј на Ана оваа 2025 година, а само што започнува атлетската сезона.
Најпрво го освои првото место во детска конкуренција на трката од 8 километри во Долни Дисан, Неготино, потоа Прво место на трката во Ниш на 5 километри во сениорска конкуренција (се тркаше рамноправно и со искусни атлетичарки) и денеска трета победа во Кавадарци на спортскиот настан „Кавадаречки полумаратон“.
Ана е членка на АК „7 Ноември“ од Гевгелија и тренира во „Школата за атлетика“ заедно со 31 дете под раководство на тренерите Тодор Анчев и Влатко Семенаков.
Ана беше прогласена за најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година од страна на спортската редакција GevgelijaNet.com заради бројните освоени подиуми, трофеи во 2024 година, за афирмација на децата во спортот.
Еве Ана на стартот од 2025 година, на почетокот од третиот месец од годината го освојува третиот трофеј во спортската атлетска сезона за 2025 година.
Браво АНА! Навистина си надеж за гевгелискиот спорт!