Со резултат од 3 минути и 15 секунди истрчано време на трасата од 1000 метри, колку што изнесува детската трка, денеска на атлетскиот натпревар во Катерини Грција, ТОМЧЕ ПЕТКОВ од Гевгелија го освои ПРВОТО место и победничкиот Пехар.
Томче е член на АК „7 Ноември“ и член на „Школата за атлетика“ при АК, под раководство на тренерите Тодор Анчев и Влатко Семенаков.


На трасата од 1000 метри, детска трка истрчаа уште и: Чучанов Марко, Мичев Теодор, Мичев Глигор и Костадинова Клара. Сите добија финишер медали за завршената трка.

Атлетскиот настан „Катерини ран“ се одржа денеска во местото Катерини, во соседна Р.Грција и тоа по 14-ти пат, а од гевгелискиот Атлетски клуб учество зедоа 25 атлетичари. Освен 6 мина во детската трка, споменати погоре, учество зедоа и на трката од 5 километри и 21,1 километар (полумаратон). Ова се резултатите од истрчаното време по дисциплини:
На трката од 5 километри настапија 13 атлетичари со следните резултати:
– Иванџиков Стојан 23:03
– Проданов Васко 25:35
– Пајдаков Петар 28:04
– Костадинов Живко 29:05
– Мичев Никола 29:07
– Димов Владимир 29:46
– Стоева Натка 30:25
– Чучанов Горги 33:59
– Костадинов Николче 34:54
– Мичев Викторија 34:56
– Чучанова Јасмина 35:59
– Никова Петранка 37:06
– Атанасова Марија 43:11
На трката од 21,1 километри (полумаратон) истрчаа 6 атлетичари со следните резултати:
– Узунов Борче 1:50:53
– Дучков Андон 1:51:28
– Дојчинов Стојан 2:00:52
– Ангеловиќ Руса 2:00:58
– Карамичев Жарко 2:05:10
-Беќиров Никола 2:27:37
Сите учесници се покажаа достојно на терент и за истрчаната трка и полумаратонот добија од организаторот финишер медали.
Честитки за Томче! Честитки за атлетската инвазија на гевгеличани на спортската манифестација „Катерини Ран“ од каде нашите атлетичари секогаш се враќаат со медали!
