Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија доби нов член, тоа е Марјан Бучков од Негорци.
Бројот на избраните советници не се менува, бидејќи Марјан влегува во Советот на општина Гевгелија на местото на досегашниот член, Сашо Стојиловски, правник од Миравци.
Сашо Стојиловски, поднел неотповиклива оставка до Советот на општина Гевгелија минатата недела, бидејќи во меѓувреме беше поставен на нова функција, директор на ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“ Гевгелија.
За оставката беше запознаена Општинската изборна комисија која што откако ја констатира оставката ја превзеде задачата да кооптира во испразнетото советничко место нов член од истата изборна листа од која беше и Стојиловски.
Следни на листата беа Саше Јованов, (11-ти по ред) кој се откажа од советничкиот мандат бидејќи ја обавува функцијата директор на Националниот музеј во гевгелија. Потоа, како 12-та на листата се јавува Зуица Караколева Стојчева, која е вработена во одделението за Имотно правни односи во Гевгелија, и се откажала од можноста да биде член на Советот на општината. Носителот на 13-то место на изборната советничка листа е Боки Митров, вработен во Народниот театар во Гевгелија, кој исто така се ткажа од понудата на ОИК да го завзеде испразнетото советничко место.
По откажувањето на Јованов, Караколева и Митров, следен за пополнување на исразнетото советничко место како 15-то по ред од вкупно 19 лица предложени на листата е Бучков Марјан, кој ја прифатил довербата од граѓаните и понудата од ОИК да биде кооптиран како нов член во Советот на општина Гевгелија.
Советот на денешната вонредна седница ја прифати оставката на Стојиловски и го верификуваше мандатот на Бучков во Советот на општина Гевгелија.
Ова е трета рокада на советници од листата на ВМРО-ДПМНЕ во гевгелискиот совет, по оставката на Слаѓана Стаменковска која стана директот на КПУ „Затвор“ Гевгелија, потоа оставката на претседателот на Советот Патрик Матх, кој беше именуван за директор на Општа Болница Гевгелија и сега, со оставката на Стојиловски по превземањето на директорската улога во Психијатриската болница во Негорци.
Со тоа односот на силите во локалниот Совет останува ист: 9 члена има ВМРО-ДПМНЕ; 7 члена СДСМ и коалицијата, 1 член ЛДП; 1 член Левица и 1 член од независната граѓанска листа.
Мандатот на Бучков ќе трае колку што е изборниот мандат на листата од која што е кооптиран, а тоа е до распишувањето на следните Локални избори, кои треба да се одржат оваа 2025 година.