Во неделата во Кавадарци, во организација на Атлетскиот клуб „Меридијан Атлетик Еко“ се одржа 7-миот по ред „Кавадаречки полумаратон“ под мотото “Го сакам Кавадарци”.
Од гевгелискиот атлетски клуб „7 Номеври“ учество зедоа 27 натпреварувачи, и тоа во сите дисциплини: полумаратон, трка на 10 километри, трка на 5 километри и детска трка на 1000 метри.
Најуспешни беа децата кои освоија три подиуми:
1. Ана Бегова – Прво место во категорија деца женски до 14 години,
2. Драги Итов – Второ место во категорија деца машки и
3. Хана Климкаров – Четврто место во категорија деца женски до 14 години.

На патеката од 1000 метри истрчаа и децата членови на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“, и тоа: Јаневски Матеј, Кузмановиќ Ана Марија, Кузмановиќ Николија, Трајкова Николија, Семенаков Горан, Семенакова Добрилка, Карамичев Мики, Пајдаков Филип и Јаневски Даријан. Сите ја завршија трката и освоија финишер медали.
На Кавадаречкиот полумаратон учество зедоа следните атлетичари-сениори со овие резултати:
Трка 21,1 километри (полумаратон)
– Темелковски Благојчо 1:57:03
– Крстовски Илиоски Борче 2:32:29
Трка на 10 километри:
– Иванов Зоран 56:34
– Андреев Димче 1:01:40
– Петков Живко 1:02:17
– Ангелов Димче 1:03:10
– Ангелов Александар 1:03:11
– Ангелова Бојана 1:11:23
Трка на 5 километри:
– Нанчев Никола 25:34
– Узунов Ицко 27:07
– Александра Данева 27:12
– Ковачев Никола 28:02
– Панова Надица 29:03
– Стојанова Македонка 32:27
– Руменова Ива 32:27
Честитки за гевгелиските атлетичари и за детската атлетска надеж на Гевгелија кои на секоја трка освојуваат подиуми и носат трофеи дома, во Гевгелија!

