Доктор Антоан Паракеов од Итната медицинска помош од Кавадарци за МИА изјави дека едно лице е тешко повредено во вчерашната несреќа во близина на с.Раец, кавадаречко.
Лицето биле приклештено во камионот и извадено од пожарникари.
Во полицискиот звештај на МВР за сообраќајната несреќа е заведено дека е пријавена на 11.03.2025 (вторник) во 19:35 часот во Полициската станица Кавадарци.
Во пријавата е наведено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т. од Богданци.
По укажаната прва медицинска помош на лице место од екипа на ИМП повредениот Б.Т. со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Кавадаречката болница. Тешките телесни повреди се констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На снимка испратена до порталот „24инфо“, се гледа како двајцата мажи успеваат да излезат од вториот превртен камион. За среќа, и покрај драматичниот пад, тие не се здобиле со повреди.
Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби ќе спроведат истрага за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.