Овде во сабота на 15.03.2025 ќе се одржи еколошка акција под името „ГТК Јуниори и НУ Музеј Гевгелија – за почист Вардарски Рид“.
Организиратор е Националната установа Музеј Гевгелија по втор пат, во соработка со младите од ГТК, а сега им се придружија и Црвен крст Гевгелија и ЈПКД Комуналец.
Собирното место е пред видиковецот. Старт на акцијата 13:00 часот.
Поканети се сите кои сакаат да се придружат во оваа иницијатива, особено младите кои имаат желба да дадат свој придонес за почист и поубав Вардарски Рид.