Стотици илјади граѓани се собраа на студентските протести во Белград кои официјално почнаа во 16 часот. Колони луѓе се собрани пред Народното собрание , но и пред плоштадот Славија, каде на поставена бина се обратија десетина студенти кои испратија емотивни пораки со надеж за промени.
Тие порачаа дека долго време молчеле за сите неправди и ги повикаа сите граѓани да им се придружат на барањата за подобра иднина.
-Се случуваат сериозни промени, ќе изградиме систем. Наместо хаос, избираме мудрост, не сакаме да уништуваме туку да градиме – порача студентка.
Пумпај, пумпај, пумпај…“ одекмува и вечерва во белгдар пред Собранието, на Славија и улиците околу Нродното Собрание на Србија.
Околу 19 часот според се одржа 15 минути молк за 15-те загинати при уривањето на настрешницата на железничка станица во Нови Сад лани на 1 ноември, а според најавите протестот ќе заврши околу 21 часот.
Протестите, како што пренесуваат српските медиуми засега се генерално мирни и без посериозни инциденти. Според проценките на српската полицијата, на денешните протести на сите локации во Белград, бројот на учесници бил околу 107.000, од кои најголем број се од внатрешноста.
Oрганизаторите објавуваат дека на улиците низ Белград попладнево и вечерва има над милион студенти и граѓани, со проценка околу 1.600.000 лица.