Андреј Ѓоргиевски, пејач од дуото ДНК, останал да спасува гости во дискотеката и подлегнал од изгореници;
Сара Пројковска, пратечки вокал на ДНК, м-р од ФМУ, беше пратечки вокал и на Тоше. Таа беше самохрана мајка на две малолетни деца. Нејзиниот сопруг беше починат. Децата останаа сирачиња.
Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанар на ДНК од Струмица;
Александар Коларов, гитарист на ДНК;
Филип Стевановски, клавијатурист на ДНК, продуцент, директор на ЦК “Ацо Шопов”;
Андреј Лазаров, фудбалер кој херојски ги спасувал животите на младите од опожарената дискотека “Пулс” во Кочани, немал тешки изгореници, но вдишувал од чадот во просторијата и тоа било кобно по неговиот живот. Младиот 25 годишен фудбалер Андреј од Кочани оваа сезона беше дел од ФК „Шкупи“, а низ кариерата играше за хрватските клубови „Горица“ и „Рудеж“, како и за „Тиквеш“, „Работнички“ и „Металург“.
Почивајте во мир високо меѓу ѕвездите!