Шестмина ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија минатана недела учествуваа на 68-от Државен натпревар по математика за ученици од средните училишта и од нив двајца освоија ТРЕТО место, а другите се истакнаа.
Најдобри резултати постигна Стефан Младеновски, ученик од втора година, кој работеше под менторство на професорката Јасмина Папалазова и освои трета награда.
Поради освоеното високо 19-то место од вкупно 158 ученика, Стефан се стекна и со покана да учествува на XXXII Македонска математичка олимпијада, која ќе се одржи неделава, на 23.03.2025 година.

Трето место во својата конкуренција, за ученици од прва година постигна и Калина Лазарова од прва година (под менторство на професорот Зоран Филов).

Стефан и Калина се љубители на природните науки. Во јуни 2023 тие освоија ПРВО место на Државниот натпревар по физика како ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија. Еве, и после две години покажуваат одлични резултати и во областа на математиката.
Инаку, на државниот натпревар учествуваа и учениците: Илија Икономов (I година), под менторство на професорката Русица Атанасова, Теодора Сеизова (I година), Марија Јанчева (I година) и Андреј Димов (II година), под менторство на професорот Зоран Филов.
Натпреварот се одржа во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде можеби свој избор за студирање после матурирањето ќе покажат и овие ученици од гевгелискиот средношколски математички тим.
Му посакуваме среќа на Стефан на Математичката олимпијада и уште подобри резултати!
