петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Кога мажите плачат во Кочани

Ерол Ризаов: „Ова не е моето Кочани. Таму сега е многу мачно, напрегнато, како затишје под црни облаци, само што не експлодирал голем кијамет. Мајки во црни шамии редат, мажи плачат. Велат кога мажите плачат се случуваат страшни работи“

март 18, 2025
in OД НАШ АГОЛ
Кога мажите плачат во Кочани
0
SHARES
327
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Секогаш кога одам во мојот роден град нешто ми затреперува во срцето. Ме обзема некоја топлина, некое необјасниво чувство на возбуда, цела галерија на слики од најраното детство. Во Кочани ги паметам сите ридови и долови, камењата и ѓоловите во реката, која некогаш беше поголемка од сегашното поточе што тече низ градот. Добро се сеќавам на комшиите кои ни беа повеќе од роднини, на другарите од детството, уште им ги знам имињата и прекарите, ја паметам како да беше вчера мојата прва учителката во „Раде Кратовче“ Даринка Романова , која „ме описмени“, кладенецот во Башчел’ко од кој ја пиев најубавата вода, базенот во кој научив да пливам. Го паметам полето со оризови ниви со најубавата зелена боја на светот.

Во овие денови на шок од големата трагедија во Кочани ми дојде на ум бабицата која ја породила мајка ми и која прва ме држела во рацете. Пред повеќе години ја запознав на мостот во центарот на градот. Ме запре ненадејно возрасна непозната жена. „Чекај момче“, рече, „застани малку, да те прашам нешто. Дали си ти син на Зада?“ „Да, јас сум на Зада и на Сами“. „Личиш на мајка ти“, рече. „А, која сте вие“ прашав. „Јас сум бабицата што те породи, те познав по мајка ти“. Ме изгушка, ме бакна, радосна како да сретнала свое дете. „Поздрави ја мајка ти од бабицата. Кога дојде од Црна Гора во Кочани беше најубавата жена. Одевме на корзо да ја видиме“. Боже, си реков тогаш, каква средба. После ми кажаа дека во тоа време Бабицата го довела на свет половина Кочани. Таа во Кочани е легенда.

Related posts

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

март 17, 2025
Еден ден од животот поминат на Онкологија

Еден ден од животот поминат на Онкологија

февруари 19, 2025

Каква асоцијација да помислам на бабицата која пораѓала мајки во скудни времиња баш во денови на тага. Што прави такви далги мозокот кога му доаѓа на човек очај на душата. Кога го јадат јанsи. Зошто бе, зошто се случи тоа злосторство да изгорат деца. Ги гледам апокалиптичните слики на ужас, на траор, на црнила, на тага што никогаш не ги бев видел. Деца од градот на моето детство ги проголта пламен, изгореа во оган велат 59 и уште 150 се повредени, а многумина во животна опасност.

Си играме комар со животот

Најтешко повредените се преземени во други земји, не можеме сами да ги лечиме, како што не можеме ништо сами да направиме. Сѐ треба некој да ни помага. Сме имале оделенија за изгореници, сме имале и добри лекари ама сме ги затвориле оделенијата, а лекарите си го нашле чарето кај што не затвораат болници и училишта. Затоа отворивме илјадници коцкарници низ цела Македонија. Затоа си играме комар и со животот кога сите губат, а малкумина добиваат. Затоа без големи тешкотии се отвараат диско клубови во штали и разни импровизориуми кои секој викенд се полни со деца.

Во една таква штала алчни луѓе без да ги обезбедат сите законски услови за работа ги изгореа децата како гламњи, а едни други кои требаше да ги заштитат, да го спречат ова злосторство не го направија тоа, зафатени во своите битки за власт и привилегии. Сега, како големи праведници велат дека ќе ги казнат сите виновници три децении наназад што палат деца во штали, што ограбуваат, што земаат данок во крв, што брзо се богатат, за многумина уште побрзо да осиромашат.

Ова не е моето Кочани. Таму сега е многу мачно, напрегнато, како затишје под црни облаци, само што не експлодирал голем кијамет. Мајки во црни шамии редат, мажи плачат. Велат кога мажите плачат се случуваат страшни работи.

Нема куќа, нема човек, старо и младо што не е во тага, во гнев. На секој му заминал некој близок, син, ќерка, внук, внука, роднина, другар, комшија. Зошто, зошто, зошто ги убивте децата, кој е тој што не ја спречи трагедијата, а требаше тоа да го направи – тоа се залудни прашања на гневот. Го гледам таткото што го изгубил синот единец како во очај се тресе и плаче на сет глас прашувајќи се што ќе ми е животот сега, како да живеам без синот. Па камен да си ќе пукнеш од мака, од тага, од јад, од гнев.

Автор: Е.Ризаов
Целата колумна на овој ЛИНК

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Бројот на хоспитализирани се зголемува – Нови 20 случаи на лекување од пожарот во Кочани, 73 се упатени во странски клиники

Next Post

Ѕвездено небо во Скопје – последен поздрав на загинатите во Кочани

Next Post
Ѕвездено небо во Скопје – последен поздрав на загинатите во Кочани

Ѕвездено небо во Скопје - последен поздрав на загинатите во Кочани

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка во Гевгелија – повредени двајца малолетници

Тешка сообраќајка во Гевгелија – повредени двајца малолетници

11 месеци ago
Одбележана 151 годишнина од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев

Одбележана 151 годишнина од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев

2 години ago
Поевтинуваат дизелот и нафтата за домаќинствата

Поевтинуваат дизелот и нафтата за домаќинствата

2 години ago
Пристигна тажна вест – пронајдено е безживотното тело на исчезнатата Вања Ѓорческа

Пристигна тажна вест – пронајдено е безживотното тело на исчезнатата Вања Ѓорческа

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје
  • ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist