Пожарот избувнал во реонот понаселбата меѓу Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Гори на три страни.
Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева. Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар. Според дел од коментарите на струмичани на социјалните мрежи, денеска и изминатите денови биле забележани повеќе случаи на палење стрништа во Струмичкото Поле.
Според информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови. На помош е упатена и екипа на ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило.
Огнот се шири, пожарникарите се на терен.
Мобилизирани се сите пожарникари од Струмица кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и зградите. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови. Екипа на ТППЕ Гевгелија со едно Противпожарно возило и 3-ца пожарникари уште попладнето е на терен во гаснењето на пожарот кај Струмица. Мобилизирана е и струмичката полиција.
Од Противпожарната единица од Струмица изјавија дека за причината и деталите за пожарот информација ќе ги даде портпаролот во текот на утрешниот ден.
Фото насловна: Радио СтрумицаНет