Малата Викторија Костадинова е 10 годишно девојче од Гевгелија која по втор пат се соочува со болеста леукемија.
Ја победи во февруари 2022 година и по три години повторно и’ се враќа и и’ го ремети детството и животот.
Овој пат потребен е третман со трансплантација на коскена срцевина. Се бара компатибилен донор, за ова насмеано лице да оздрави.
Се повикуваат хуманите луѓе да даруваат крв во Амбулантата на Имунологија во комплексот клиники во Скопје (тоа е мала розева барака сместена од левата страна на Клиниката за Инфективни болести). Работно време е до 13:300 часот. Да даруваме крв и да молиме Бога донор побрзо да се најде, за Викторија да може повторно да се врати на училиште меѓу другарките и другарчињата.
Викторија е борец која зад себе има една победа над леукемијата. Во 2021 година таа се лекуваше во Турција преку трансплантација на матични клетки и се врати дома оздравена и насмеана, на крајот на јануари следната 2022 година. За ова и’ помогнаа добрите луѓе со чија помош ги собра потребните средства за лекување во Турција во вредност од 70.000 евра. Општина Гевгелија учествуваше со донација од 450.000 денари, а донираа и голем број гевгеличани и жители на Македонија.

Да ја направиме Викторија повторно победничка!
Да донираме крв и да најдеме компатибилен донор на коскена срж!