Светлана Броз, кардиолог, активистка за човекови права и внука на југословенскиот комунистички лидер Јосип Броз Тито, почина во Белград на 70-годишна возраст, откако пред три недели претрпе мозочен удар, објавија медиумите во Србија.
Автор е на книгата „Добри луѓе во време на злото“, која е преведена на шест светски јазици, како и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците од Руанда помеѓу заборавот и помирувањето“, „Галаксиката Гојер“ и „Моја“.
Таа е коавтор на многу мировни студии во светот, основач и директор на невладината организација „Гариво“ Сараево, каде што беше меѓу првите во Европа што создаваше и водеше образование за граѓанска храброст преку јавни предавања, Училишта за граѓанска храброст, издавачки активности, ја основаше наградата „Душко Кондор“ за граѓанска храброст и снимени документарни филмови.
Била предавач на 52 американски универзитети и на 80 европски. Таа е почесен граѓанин на Тузла и носител на Националниот орден за заслуги на Франција.
Кремирањето ќе се изврши во среда, на 26 март, во 14 часот и 15 минути на Новите гробишта во Белград.