Најмладиот херој од Македонија, 19 годишниот Јован Костадинов денеска низ шпалир од прегратки, со аплаузи и овации го дочекаа во неговото училиште, гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница
Јован Костадинов од Виница, иако не беше на забава во дискотеката „Пулс“ отиде да спасува од огнот свои другари и извлече од дискотеката на смртта 21 повредени млади лица.
Последниот на раменици го носел до болницата во Кочани. Сите 21 се на опоравување, а тој беше меѓу повредените.
Денеска низ шпалир од прегратки, со аплаузи и овации беше дочекан херојот со големо срце.
Професорите и учениците се горди на него, бидејќи имаше храброст како никој друг, го ризикуваше животот за другите, во вителот на огнот кога паниката завладеа во опожарената дискотека, беше присебен и одлучен да извлече што повеќе лица од опожарената дискотека.
Погледнете и слушнете го овој АПЛАУЗ – Зборови не се потребни, топлите прегратки и насмевките кажуваат се’.