четврток, 15, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

Гевгелија има фудбалски талент кој на само 7 годишна возраст започнува меѓународна спортска кариера. Тоа е Јован Насев, роден 2017 година, ученик во II одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија

март 25, 2025
in ИНТЕРВЈУ, СПОРТ
ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција
0
SHARES
733
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија има фудбалски талент кој на само 7 годишна возраст започнува меѓународна спортска кариера. Тоа е Јован Насев, роден 9 мај 2017 година, ученик во II одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија.

Јован оваа година на 19.02.2025 стана член на оваа фудбалска академија и е првиот Македонец кој игра за младинската Академија на реномираниот фудбалски клуб ПАОК од Грција. Освен првиот и единствениот македонец во оваа Академија, Јован е и најмалиот воопшто фудбалер од Македонија кој потпишал договор за соработка со Академија ПАОК, и воопшто во Грчката фудбалска федерација.

GevgelijaNet: Интересно е да прашаме кога се почетоците со фудбалот на Јован, каде заиграл прво фудбал за да може да биде забележан неговиот талент?

Александар Насев, татко на Јован: Јован минатата година на 6 годишна возраст играше фудбал во младинската лига на ФК „Кожуф“ Гевгелија, генерација 2017, кај тренерот Ванчо Горгиев Белиш. Таа година ФК „Кожуф“ генерација 2027 година освои ПРВО место во Младинската лига за 2024. Во текот на една полусезона Јован даде вкупно 14 голови, а клубот реализираше се’ вупно 19 гола.

Јован Насев од Гевгелија – 7 годишен фудбалер за странски тим

GevgelijaNet: Значи Јован сам имал учинок од 74% за победата на клубот. Ова ли беше моментот на откритие, дека Јован е создаден да дава голови?

Александар Насев: Да, секако, играта е тоа што се гледа во натпреварот. Неговата храброст да атакува на противничкиот гол и инстинкт кога треба да ја упати топката во мрежа го прават посебен талент за неговата возраст. Заради овие квалитети Јован доби препорака од Ристо Танев, спортски директор на првиот тим на АЕП Поликастро, Грција да стане член на Академија АЕП ПАОК. По негова препорака отидовме во Грција и после само два одиграни натпревари Јован веднаш доби понуда да се регистрира како член на Академија АЕП ПАОК.

GevgelijaNet: Така ли беше Јоване? За една година играње фудбал од Гевгелија отиде и склучи договор за настап на грчки ПАОК во младинската лига и си единствен македонец кој игра за грчки тим?

Јован Насев: Јас играм фудбал уште од мал. На еднаипол годишна возраст тато ме ставаше да стојам на неговите нозе и шутиравме фудбал. Така научив како се прима топка и како се шутира – ни’ открива Јован дека фудбал не игра само една година претходно, туку откако проодил па до денес.

GevgelijaNet: Каде игравте, дома, во двор?

Јoван Насев: И дома, и на игралиштето „Паскалин“ со другарите на тато – открива Јован дека откако проодел почнал да игра фудбал со другари фудбалери на неговиот татко, а ние забележуваме дека техниката на учење е по примерот на татковците кои на своите нозе ги учат ќерките како да танцуваат. Посветено, нема што.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/03/77b9b71a-1002-4d75-98ed-10d3b74627ef.mp4

Следувале детални лекарски прегледи за Јован во Грција, скенирања, ехо снимки за да се утврди комплетната здравствена состојба и погодувате, детето Јован од Гевгелија е во Топ форма. Одиграл две пријателски утакмици со тимот на ПАОК и веднаш дал три гола. Со тоа договорот за официјализирање на настапот на Јован за грчки ПАОК бил спремен и официјализиран па на 19 февруари годинава истиот е склучен, а Јован доби Легитимација за членство и настап со Академија АЕП ПАОК.

Related posts

15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“

15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“

мај 14, 2025
Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

мај 14, 2025

GevgelijaNet: Молскавичен продор за Јован. Какви обврски имаш сега со договорот со академијата на АЕП ПАОК.

Јован Насев: Тренираме три пати неделно, понеделник, среда и петок. Во неделите играм на натпревари.

Александар, таткото: Тренинзите почнуваат во 15 часот, па во деновите кога има тренинг Јован е ослободен од настава, но затоа има обврска да ги надокнади сите предавани материјали, да напише домашно, да научи што пропуштил.

Тимот на Академија АЕП ПАОК, Грција, Јован прв од лево горе

GevgelijaNet: Како се снаоѓа со комуникацијата меѓу тимот фудбалери, како соработува со тренерот во Грција?

Таткото Александар: Нешто научи по грчки, нешто по македонски, но најлесно се разбираат на терен кога играат. Тука Јован е неприкосновен во знаците, мимиките, и одлуките кога да украде топка, кога да атакува на голот. Јован игра со генерација 2014 и 2015, значи деца постари за 2-3 години од него. Сепак, головите ги ниже. Веќе одигра еден турнир во Грција и две официјални званични утакмици. И на сите нив има постигнато гол, вкупно 4 гола. Тоа покажува дека е исклучително корисен ирач на тимот. Потоа следуваше утакмицата во Кристони, каде Јован го даде првиот гол, за ториот асистираше и беше прогласен за МВП, најдобар играч на утакмицата.

Јован: Веќе научив некои зборови по грчки, на пример: калимера коуч (добар ден тренеру), дексија (десно), аристера (лево), писо (назад), исја (напред), григора (брзо). Ми викаат другарите „Ти канис Јоанис“ (Што правиш Јоване), јас им одговарам „Кала“ (добро), и учам секој ден по еден нов збор. Најмногу од дедо ми, тој знае грчки.

GevgelijaNet: Кои ти се другарите од клубот? Ги знаеш ли сите по име? Веројатно фудбалот ви остава време и за запознавање за да можете полесно да комуницирате на теренот?

Јован: Другари во тимот ми се Тео, Димитри, Алекс, Рафаели, Васили, Христо, Јорго. Тренерот се вика Паскалис. Инаку, идол ми се Кристијано Роналдо и Мбапе, а навивам за „Реал Мадрид“.

GevgelijaNet: Кои се следните обврски на фудбалерот Јован за Академија ПАОК.

Таткото Александар: Веќе на 28 април ќе имаат висок Државен турнир во фудбал каде ќе настапат фудбалските елити, како што се: „Панатенаикос“, „Олимпијакос“, АЕК, ПАОК и други клубови од државата. Се очекува и тука Јован да биде најкорисен во пласирање голови во мрежите на противничките тимови.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/03/994b1e2c-2cdb-4105-8849-cfe858e05c84.mp4

GevgelijaNet: За голгетерскиот печат на Јован како центарфор, играч на продорот и реализацијата, има ли и други настапи освен за ФК „Кожуф“ пред да замине да игра за грчкиот ПАОК? Го запозна ли поголем дел од публиката кај нас како спортски талент за гол-реализација?

Таткото Александар: Јован играше на турнирот во мал фудбал Меморијалот „Никола Гелебешев“ во мај 2024 г. Настапуваше во екипата „Аватар“ под водство на Александар Насев, т.е. под мое водство. Овде во 5 одиграни утакмици успеа да даде 14 гола и да го освојат победничкиот пехар на турнирот за генерација 2027.

Екипата „Аватар“ на Меморијалот „Никола Гелебешев“ победник за генерација 2017
Победнички пехар за „Аватар“

GevgelijaNet: Ќе додадеме нешто и за никулецот на спортската пасија на Јован и прецизната шут реализација. Таткото Александар е долгогодишен фудбалер на ФК „Кожуф“ со 20 годишна фудбалска кариера. Играл на позиција „лево крило“, а Јован игра „Центарфор“, но понекогаш тренерот го става и на десната позиција. Дава голови без „пардон“ ниту дали другите се големи, ниту му е гајле дали се грци. Важно му е да ја затресе мрежата и победнички да се спушти во трчање, а другите да му се фрлат во прегратка. Така победнички Јован трча и на одморите кога е на училиште. Вели ужива кога сите трчаат по него, а тој е најбрз. Дете. Не приметува дека е популарен.

И додека таткото го остварува својот фудбалски сон преку синот кој му ги наследил спортските гени, ние само му посакуваме на Јован да ужива во тоа што го прави – во давањето голови, да ужива во напредокот кој не го приметува зошто мисли дека секое дете може да игра, да ужива и на училиште и да ја оформи својата личност во вреден човек и успешен спортист.

Ние му посакуваме голема фудбалска иднина и многу успеси на спортските терени.

Првиот освоен пехар од турнирот „Никла Гелебешев’
На тренинг во Грција
https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/03/a5a80e7e-daa2-4410-9f06-6257d796e980.mp4

Голгетер во акција

Автор: Ј.Дојранлиева

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Протест во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Next Post

ВИДЕО: Херојот Јован пречекан со аплаузи и овации во родната Виница

Next Post
ВИДЕО: Херојот Јован пречекан со аплаузи и овации во родната Виница

ВИДЕО: Херојот Јован пречекан со аплаузи и овации во родната Виница

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

5 месеци ago
ВИДЕО: Летен турнир во мал фудбал “КМФ МИРАВЦИ 2024”

ВИДЕО: Летен турнир во мал фудбал “КМФ МИРАВЦИ 2024”

10 месеци ago
Промовирани до сега четири кандидати за пратеници од Гевгелија

Промовирани до сега четири кандидати за пратеници од Гевгелија

1 година ago
ВИДЕО: Празнична Гевгелија

ВИДЕО: Празнична Гевгелија

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • 15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“
  • ЕВН најавува осумипол часовен прекин на електрична енергија во Гевгелија
  • Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“

15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“

мај 14, 2025
ЕВН најавува осумипол часовен прекин на електрична енергија во Гевгелија

ЕВН најавува осумипол часовен прекин на електрична енергија во Гевгелија

мај 14, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist