По несреќата во Кочани и опсежните инспекциски контроли за поседување валидни лиценци за работа на дискотеки, ноќни клубови, за стандардите на градба, Министерството за транспорт и врски објави листа на правни лица за одземање на лиценци во делот на градежното работење и урбанистичко планирање.
Вкупно се извршени контроли на 3.100 лиценци во земјава. Во сферата на градежништвото со вчера објавената ЛИСТА одземени се вкупно 479 лиценци на фирми од земјава кои престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои им се издадени.
Меѓу одземените лиценци постојат и фирми од Гевгелија, Валандово, Дојран. Тоа се:
1. Друштво за градежништво и услуги „НАЗАДА“ ДООЕЛ Гевгелија – поседувала „А“ лиценца за градби од прва категорија;
2. Друштво за прозиводство,трговија и услуги „ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ СОЛУЦИИ“ ДОО Гевгелија – (одземена лиценца „Б“ за изведувач на градби од втора категорија)
3. Друштво за градежништво, инженеринг, производство, трговија и услуги „АЛИАНС ИНВЕСТ“ ДООЕЛ Гевгелија – (одземена лиценца за „Б“ за изведувач на градби од втора категорија);
4. Друштво за градење, проектирање и надзор со трговија „ТЕХНОПРОЕКТ – КНГ“ увоз-извоз ДООЕЛ Гевгелија, (досега бил носител на лиценца „Б“ за изведувач на градби од втора категорија);
5. Друштво за производство, трговија и услуги „ЈБТ ПРОИНЖИНРИНГ“ ДОО Валандово, (носител на лиценца „Б“ за изведувач на градби од втора категорија);
6. ДПТУ „ВИНКЛА ИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ Стар Дојран – се одзема лиценцата „Б“ за изведувач на градби од втора категорија.
Во регионот на Југоистокот лиценци се одземаат и на фирми со седиште во Струмица, вкупно 7 и во Радовиш 2 фирми.
Министерството најавува дека во следниот период ќе продолжи со конторолите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности со цел да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата и да се овозможи рамноправност за сите правни лица.
Целата ЛИСТА на одземени лиценци за градежно работење може да ја погледнете на овој ЛИНК.