Големо невреме вечерва погоди делови од источна Македонија, а на автопатот меѓу Штип и Свети Николе имаше и силни врнежи од град, кои целосно го обелеа и го оковаа патот во мраз.
Надреална ноќна градна веавица во пролетниот месец март.
Врнежите од град предизвикале мали оштетувања на неколку возила.
Од полицијата апелираат возачите внимателно да учествуваат во сообраќајот, со цел да избегнат евентуални незгоди.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека на патот има град, по кој отежнато се движат возилата.
Големо невреме со град кај наплатната станица Кадрифаково на автопатот Штип – Миладиновци
Во повеќето делови од регионот врнеше пороен дожд, а засега нема информации за евентуални штети на земјоделски површини од градот.
Подружницата на „Македонија пат“, пак, информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево-Пехчево-Берово, екипи на претпријатието работат на нивно чистење.
– „Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од „Македонија пат“.