Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и југозападна Кина.
Најмалку едно лице загинало, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урнала во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.
Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд,
Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри, соопшти Институтот.
Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека има урнати згради во Мандалеј, еден од најголемите градови во Мјанмар, оддалечен 17 километри од епицентарот на земјотресот.