Момчето херој Јован Костадинов најде духовен мир во светата аура на манастирот “Св. Јован Бигорски” од каде се јави во дружба со монасите.
Младиот 19 годишен Јован во огнениот виор во дискотеката “Пулс” ноќта во Кочани спаси 21 младо лице, а самиот беше 10 дена на болнички третман поради вдишен чад. По враќањето предизвика енормен интерес кај јавноста. Другарите во неговото училиште го пречекаа со најискрени прегратки, оствари прием и кај Премиерот, имаше и видео искажување за трагичниот настан, сепак одбра да замине на тивко место.
Одлучи да се дружи со недопрената природа од опкружувањето на манастирот “Св Јован Бигорски”. И овде ја покажува својата големина дека неговите постапки беа водени од големото срце полно со емпатија кон другите, а не заради медиумско внимание.
Херојот Јован воден во постапките од своето големо срце ❤