Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ од Гевгелија како организатор на манифестацијата „Априлијада“ во Гевгелија претпладнето ги погледна претставувањата на сите маски во детските градинки и основните училишта во Гевгелија и ги прогласи најкреативните групни маски.
Тоа се:
1. Централна детска градинка маските:
– Весело овошје,
– Работливи пчелки и
– Предучилишна рубикова коцка;
2. ООУ „Владо Кантарџиев“
– Нашиот змеј,
– Ангели,
– Скејтери и сурфери;
3. ООУ „Крсте Мисирков“
– Боинг IVг,
– ВД Рециклаж,
– Морски свет и
– Пипи долгиот чорап.


Екипажот на „Боинг IV Г“
„Априлијадата“ е традиционален настан по повод Денот на шегата и редовно во организација на ЈУ Пионерскиот дом во Гевгелија. Настанот годинава е дел од културно-уметничката програма на „Гевгелија град на култура за 2025“.
Инаку настанот секогаш се одржува јавно на плоштадот во Гевгелија, но поради денешните временски прилики и непрекинатиот дожд децата и учениците своите маски ги презентираа во просториите на градинките и училиштата. Тоа ја оневозможи општата радост на овој ден и бројната млада публика која доаѓаше да го следи настанот секој облечен во своја креација, за да се придружи со изгледот на Денот на шегата, највеселиот ден за децата.
Затоа, многу дечиња своите подготвени маски за Априлијадата ги промовираа дома и на социјалните мрежи. Еве една позерка која уживаше во денот со својата маска.
