Меѓународниот ден на шегата, 1 Април е најприфатен и најрадосен ден за децата. Денеска ја пуштаат својата фантазија до максимум и стануваат ѕвезди од цртаните филмови, од басните, ликови од надреалните филмски јунаци.
Дождот го поремети јавниот настап во центарот на градот, па организаторот на манифестацијата „АПРИЛИЈАДА“, Пионерскиот дом во Гевгелија мораше да ги посетува градинките и основните училишта за да одлучи која е најуспешна маска за 2025 година.
Првите награди се доделени во ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија.
Најуспешна и најкреативна маска ја имаа децата од групата „Пеперутка“, на свои 4-5 годинки, а кои заедно ја презентираа маската „Весело овошје“. Со нив работеше воспитувачката Мака Џишева.

Третонаградена маска за најуспешна креација беше “Предучилишна Рубикова коцка-збир од мали креативни умови” на групата „Делфини“, што ја сочинуваат деца на возраст од 5-6 години.

Маските некогаш се инспирирани од средината каде живеат децата, како на пример групната маска „Веселото штркче“ на малите од детската градинка во с.Богородица, клон на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија. Богородица е најужното место во државата каде што слетуваат првите штркови и го најавуваат доаѓањето на пролетта. Ете, децата живеат со тоа сознание дека нивното место е во нешто прво во државата.

Децата од детската градинка во Негорци имаа индивидуални маски: многу принцези, пчелки, добри вили, доктори, ајронмени ….


Наградите и признанијата ги додели стручно жири на организаторот, Пионесрскиот дом од Гевгелија, а им ги врачи директорот на Пионерскиот дом, Александара Аврамов.



Се’ за шегата, и смеата, и веселото детство на највеселиот ден во годината Денот на шегата.