На трагедијата во Кочани се изнедрија и лажни роднини, лажни душегрижници кои од врата на врата собираат донации за наводно лекување на нивни роднини. На социјалните мрежи се појави реакција на жителка од Стојаково дека го избркала лицето кое лажно се претставувал како роднина на повреден од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Нов случај е лажното претставување на гевгеличанец кој успеал да измами 52 годишна жена да му донира пари. За ова постапила СВР Скопје.
На 31.03.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.
Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината.
Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.