Новите врнежи од дожд утрово предизвикаа и нови состојби на патиштата – утрово настана одрон на патниот правец од Валандово кон Струмица.
Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Валандово-Струмица, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.
За состојбата на патот алармираа наши читатели, а на социјалните мрежи реагираше и градоначалникот на Струмица кој повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш да постапат и да превенираат поголема катастрофа.
По извесно време и од АМСМ известија дека е отежнат сообраќајот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, заради одрони и сообраќајот се одвива отежнато и забавено.
Внимавајте на состојбата на патот ако се движите во овој правец и возете внимателно.