Koга станува збор за кулинарството и гастрономијата Гевгелија многупати досега ги покажала своите способности преку докажани мајстори во угостителството, а по нивните стапки одат и новите генерации од СОУ „Ј.Јосифовски“ смер угостителство.
Последниот успешен пример е достигнувањето на Шеф Кирил Ѓоргоски и „Winner Slot Casino“ лоциран на Граничниот премин Богородица. Тој вчера на меѓународен кулинарски натпревар што се одржува на островот Брач, во Хрватска освои ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ во три различни категории: во „Подготовка на риба“, „Ризото“ и „Десерт“.
Со ова достигнување, Шеф Кирил влезе во Топ 5 од 430 натпреварувачи, што е навистина импресивно! – се пофалија од компанијата „Winer“.
Денес продолжува престижниот кулинарски натпревар во категоријата „Black Box“. Познавачите на умешностите на Шеф Кирил веќе прогнозираат дека ќе освои ЗЛАТЕН победнички Пехар.
Ние му честитаме за освоените медали, воедно му посакуваме смирен настап и многу успех, а вкусовите сами нека зборуваат за квалитетот на гевгелиската угостителска умешност.