Гевгелискиот атлетичар Влатко Семенаков денеска оствари одлични резултати на 38-миот Белградски маратон, кој започна од 8 часот изутринава.
Со време од 1:21: 33 тој го постигна своето најдобро време на трасата од 21,1 километар, под менторство и aтлетска програма на Игор МЦ Јакимовски, најдобриот атлетски тренер во Македонија.
Таргетот за трасата беше да се истрча за време од 82 минути и истиот беше остварен со 81 минута и 33 секунди.
Белградскиот маратон денеска собра над 14.000 атлетичари од цел свет и во оваа конкуренција Влатко трчаше со својот Ментор Игор, а задоволството од успехот во категорија 40+ е повеќе од заслужен за целиот напор и тренинг изминативе три месеци Влатко да го достигне својот најдобар резултат на трасата од 21,1 км. Инаку Семенаков во севкупна конкуренција од 8.000 атлетичари на полумаратонската трка се пласираше на 30-то место.
Тренерот Игор на дело ги докажува своите способности и умешност да изгради атлетски првенец. Тој за настапот на Влатко рече:
– „Цели 15 км одеше под МС пејс дисциплинирано, трпеливо и моќно за да изгради позиција и свежина за најтешките белградски километри во финишот. Уживај во успехот и одиме понатаму 👊 Ма браво човеку мој! “ – напиша Игор на социјалните мрежи.

Влатко е член на АК „7 Ноември“, професор по спорт и спортски активности во СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија, за прв пат беше дел од атлетската репрезентација на Македонија во март годинава под водство на Игор МЦ Јакимовски на Балканското првенство во атлетика што се одржа во Белград, Србија и освои еден златен медал на трасата од 1.500 метри и еден бронзен медал на трасата од 60 метри.
Честитки за освоениот подиум на Белградскиот полумаратон за гевгеличанецот Влатко!