понеделник, 2, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ГП Богородица – Запленети автомобили, лекови за животни, цигари и женски обувки

април 8, 2025
in ФОКУС
ГП Богородица – Запленети автомобили, лекови за животни, цигари и женски обувки
0
SHARES
800
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Царинска Управа на Македонија известува за заплена на непријавена трговска стока на ГП „Богородица“ и на други гранични премини во државата.

Мобилни царински тимови во соработка со МВР запленија два автомобили со бугарски регистарски таблички, откако истите го надминале законски дозволениот временски рок во кој возило со странски регистарски ознаки може да се задржи на територијата на државата.

Related posts

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

јуни 2, 2025
Кражба во Гевгелија, тешка 20.000 евра

Кражба во Гевгелија, тешка 20.000 евра

јуни 1, 2025

На граничен премин Богородица се запленети 3.600 пара женски обувки со ознаки за познати трговски марки, поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој изврши контрола на стока со потекло од Кина.

Поголема количина лекови за животни е запленета и на граничен премин Богородица, откако истата е откриена во контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. Патниците кои се враќале од Солун биле прашани дали имаат нешто да пријават, но истите не пријавиле ништо по што поради сомневање е извршена контрола. При контролата на автомобилот пред совозачкото седиште во црна кеса и на задните седишта во стиропорна кутија покриено со јакна се пронајдени 23 парчиња Intergonan 5000 IU, 12 ќеси од по 20 парчиња Cidr ovis, 150 апчиња Ibendazile provet 600. Непријавената стока подлежи на мерки на трговска политика и за истите е потребна дозвола од Агенција за храна и ветеринарство.

Царинските службеници на Богородица на влез во државата при контроли на товарни моторни возила и автомобил, управувани од македонски државјани, во фабричките празнини и под патосниците открија 86 штеки цигари кои не биле пријавени.

Понатаму, ЦУ известуваат за заплена на 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари на ГП Блаце, што е акцизна стока и подлежи на царински давачки. Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка, при што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело избегнување на плаќање акциза, казниво по Кривичниот законик.

Ловечка муниција со вкупно 160 парчиња е откриена од страна на мобилен царински тим и службата за мобилен скенер на влез во државата на граничен преми Табановце.

Мобилен тим на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус заплени 133 шишенца со раствор за инјекции Gadovist 1.0 mmol/ml од 15 ml, со вкупна вредност од 529.872 денари, за кои е потребна дозвола за увоз издадена од Бирото за лекови. Непријавените лекови кои се користат за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца се пронајдени во кеса сместена на патничко седиште и истите биле сопственост на косовски државјанин кој патувал со автобусот. Од Секторот за контрола и истраги е поднесена кривична пријава против сторителот за сторено кривично дело криумчарење, казниво по член 278 од Кривичниот законик.

Мобилен тим и служба за мобилен скенер на влез во државата на граничен премин Табановце при детална контрола на патничко комбе открија 23 котури со вкупно 2.300 метри електричен кабел, како и седум парчиња електро мотори. Против сторителот ќе биде поднесена прекршочна постапка.

Во друг случај мобилниот тим и службата за мобилен скенер при контрола на автомобил открија и 104 непријавени парчиња облека.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Александар Гавриловски е 61-та жртва од Кочани

Next Post

Гевгелија се подготвува за свеченото отварање на манифестацијата „Град на кулурата 2025“

Next Post
Гевгелија се подготвува за свеченото отварање на манифестацијата „Град на кулурата 2025“

Гевгелија се подготвува за свеченото отварање на манифестацијата „Град на кулурата 2025“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Сашо Башески од Македонија победи во шоуто „Никад није касно“

ВИДЕО: Сашо Башески од Македонија победи во шоуто „Никад није касно“

11 месеци ago
Честит  1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

1 година ago
Признание за храброст и стипендија за младиот херој Јован од Виница

Признание за храброст и стипендија за младиот херој Јован од Виница

2 месеци ago
Матичните лекари почнаа да препишуваат терапија која досега ја даваа само специјалисти

Матичните лекари почнаа да препишуваат терапија која досега ја даваа само специјалисти

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци
  • Мис на светот 2025 – крунисана е Mис Тајланд, Опал Сучата Чуангсри
  • Детскиот сoстав на ФА „Бојмија“ освои ТРЕТО место на Меѓународен фестивал во Бугарија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

јуни 2, 2025
Мис на светот 2025 – крунисана е Mис Тајланд, Опал Сучата Чуангсри

Мис на светот 2025 – крунисана е Mис Тајланд, Опал Сучата Чуангсри

јуни 2, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist