сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош

Гевгелија ќе биде домаќин на Регионален натпревар по „Прва помош“, настан кој секоја година се одржува во организација на ЦК на Македонија

април 9, 2025
in ФОКУС
Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош
0
SHARES
385
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Измина еден месец откако генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија д-р Саит Саити најави дека Гевгелија ќе биде домаќин на Регионалниот натпревар по „Прва помош“, настан кој секоја година се одржува под покровителство на ЦК на Македонија, а во организација на Црвениот крст од градот домаќин..

Тоа значи дека градот на југот ќе биде центар на помошта, хуманоста, солидарноста која може да ја пружат обучените луѓе на Црвениот крст, доброволците, волонтерите.

Related posts

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

јули 11, 2025

Носител на подготовките е Општинската организација на Црвен Крст Гевгелија, па го запрашавме секретарот Лазар Мешков како течат подготовките.

– „Црвениот Крст Гевгелија се подготвува да пречека над 300 членови на Црвениот крст од државата, натпреварувачи на Регионалниот натпревар за прва помош, волонтери и помошни лица за реализација на натпреварувачкиот дел, кој е закажан за 10 мај 2025. Ова е настан кој се организира секоја година во различен град, а честа оваа година ни припадна нам како ЦК Гевгелија да бидеме домаќини на овој важен настан“ – ја образложува Мешков важноста на домаќинската улога на ЦК Гевгелија, доверена заради високи достигнувања во текот на изминатата година во сферата на своето делување.

– „На натпреварот учество ќе земат 16 тимови за прва помош од 15 градови од државата, а едно место има и тимот на градот домаќин, Гевгелија. Секоја екипа ќе има задача да пристапи да пружи прва помош во рок од 15 минути на лица кои ќе симулираат различни повреди, скршеници, отворени рани, епилептични напади, мозочни удари, изгореници… итн. Секој тим ќе треба да реши три различни ситуации на повредени лица и да пружи соодветна прва помош. Нивната работа ќе ја следи стручен тим и главниот судијски тим“ – го објаснува текот на натпреварот секретарот Лазар Мешков.

Тој додава дека: „Освен 100-ната учесници на натпреварите ќе бидат вклучени и 40 манекени кои ќе бидат нашминкани за да ја прикажат повредата која што натпреварувачите треба да ја санираат со примена на мерки по прва помош“ – објаснува секретарот на ЦК Гевгелија кој веќе еден месец е во организаторски жар за подготовка на Регионалниот натпревар.

Некогаш во Гевгелија таквите натпревари се организираа на градскиот стадион, на ракометното игралиште, а оваа 2025 година организаторите планираат настанот да биде јавно пристапен за публиката.

Знаењето како да се пружи прва помош беше еден од факторите 19 годишниот херој Јован Костадинов од Виница да извлече 21 младо лице од опожарената дискотека во Кочани и да не го загрози својот живот. На прашањето како се снашол одговори дека му помогнало многу знаењето по прва помош од обуката која што ја поминал две недели пред настанот, а се спремал за полагање на возачки испит.

Значи, граѓаните на Гевгелија се добредојдени да го проследат натпреварот и да се потсетат на вештините како се пружа прва помош, во какви ситуации како се пристапува.

Првенството ќе се одвива на локација во централното градско подрачје на улицата „7 Ноември“ од Амам до кафиќ „Центар“ еден дел, а другиот дел ќе се одвива од кафиќ „Корзо“ долж шеталиштето до кафиќ „Арт“.

– „За Црвениот Крст и за првата помош одсекогаш биле важни волонтерите, доброволците кои сакаат да се вклучат во хуманата мисија на нашата организација. Испративме допис до училиштата во Гевгелија дека бараме волонтери да ни’ се придружат на настанот, било како манекени (статисти кои ќе глумат повредени лица), било како водичи на тимови, било како помошни насочувачи на учесниците и публиката која ќе ги следи настапите од натпреварите. Во оваа прилика сакам да им порачам на младите дека е добредојдена нивната вклученост во настанот, бидејќи секое учество носи нови знаења“ – изјави Мешков.

До настанот има уште месец дена, а рокот за пријавување на волонтери трае до 14 март. Повелете млади, вклучете се во организационата помош на домаќинот, Црвен Крст Гевгелија, станете волонтер, водич, помошник, или манекен на настанот и учествувајте во најхуманитарниот ден во Гевгелија.

Црвениот крст настана во виорот на Втората Светска војна, а официјалното формирање во Македонија е во 1945 година, поради што настанот ќе има и јубилејно значење во одбележувањето на 80 годишнината од основањето на Црвениот крст на Македонија.

Волонтери, приклучете се!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгелија 152 години железничка трансферзала

Next Post

ВИДЕО: Пожар во близина на Клинички центар во Скопје

Next Post
ВИДЕО: Пожар во близина на Клинички центар во Скопје

ВИДЕО: Пожар во близина на Клинички центар во Скопје

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ЗЛАТЕН МЕДАЛ за ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА на „Strumina Trail 2023“

ЗЛАТЕН МЕДАЛ за ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА на „Strumina Trail 2023“

2 години ago
Почина Пеле – светската фудбалска легенда од Бразил

Почина Пеле – светската фудбалска легенда од Бразил

3 години ago
ВИДЕО: Летен ручек на Кожуф со планинскиот готвач Џоко Ризов

ВИДЕО: Летен ручек на Кожуф со планинскиот готвач Џоко Ризов

1 година ago
Mладите сили на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Катерини, Грција

Mладите сили на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Катерини, Грција

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist