На овој ден, 9 април во 1873 година, по новоизградената железничка пруга која поминува низ Гевгелија пристигнал првиот воз што сообраќал на релазија Солун-Велес.
Станувајќи значајна транспортна точка Гевгелија почнува забрзано да расте како населба и во 1886 година станува градска касаба.
Оттогаш економскиот развој доживува бум, зошто сите неопходни стоки и суровини од Балканот, од Европа, од Отоманското царство доаѓале по брз транспорт преку железничкиот товарен превоз. Со тоа и Гевгелија станала значаен трговско-економски фактор на развојот на земјата и точка на поврзување со Европа, преку линијата која прераснала од Солун до Минхен. Патничкиот транспорт исто бил во подем, па овде поминувал и легендарниот воз „Ориент експрес” опишан во романите на Агата Кристи.
Денес „Македонски железници” одбележуваат 152 година железнички транспорт низ Македонија. Гевгелија одбележува еден и пол век меѓународна трансферзала и 139 години официјално со уредба доделен статус на градска касаба.
Овој историски ден од инфраструктурно-сообраќајниот подем на Гевгелија и Македонија во нашата држава е прогласен за Ден на Македонските железничари.
Нека е ЧЕСТИТ и СРЕЌЕН ДЕНОТ!