По обилните врнежи од дожд изминатите денови во државата, најголемата река Вардар, со влив на многу притоки, достигна рекордна покаченост на нивото на водата за 76 сантиметри повеќе од просекот во април и изнесуваше 255 сантиметри на последното мерно место кај Демир Капија. Просекот во април е 179 cm.
Деновиве нивото опаѓа, така што од 216 cm во текот на вчерашниот ден, денеска се измерени 202 cm ниво на реката Вардар на мерното место Демир Капија. Трендот на опаѓање е со интенција да продолжи.
Тоа укажува дека реката полека се смирува по своето течение и се враќа на сезонската нормала.
Сепак, метеоролозите предвидуваат нови врнежи утре и во сабота, од локален карактер, па речните корита можно е да варираат со својата водена издашност.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.