– „Денеска (10.04.2025) во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Цитроен Ксара“ додека бил во движење. Возилото било со скопски регистарски ознаки, а управувано од М.Г. од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „Фиат Пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од МВР.
Нема повредени лица, а причинета е материјална штета, изјави за МИА Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.
View this post on Instagram
Пожарот до Клинички Центар го вознемири почетокот на денот за многу граѓани од Скопје и оние кои се движеа во овој дел од градот, живеат на оваа улица, или се згрижени во скопските клиники. За среќа нема повредени.