Кристина Танчева, долгогодишен наставник по биологија од Гевгелија почина утрово, во 72-та година од животот.
Беше професионалец кој целиот свој работен век го посвети во служба на образованието на децата, учениците, оние за кои се посвети во текот на своите студии и целиот работен век.
Првото вработување го оствари во Гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, за набргу да премине да работи како наставник во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија и овде го помина целиот свој работен век. Се пензионираше во 2017 година и веќе шестипол години ги уживаше пензионерските денови.
Судбината и’ приредила утрово да не ја зазори, туку да побара итна лекарска помош и овде да го испушти последниот здив.
Беше личност полна со живот, енергична, искрена, директна, ведра и насмеана, реална во разговорите и без пардон за вистината.
Посмртниот одар ќе биде изложен утре во 11:00 часот во Градската капела во Гевгелија, а погребот е закажан во 12:00 часот на Градските гробишта.
Почивај во мир!