Младата Матеа Ѓурановиќ Костадинова, членка на „Mystic Dance“ од Гевгелија учествуваше на танцовиот натпревар „Dance Fest“ 2025 што се одржа вчера во Гевгелија и освои ПРВО место во категоријата Соло-мини кидс со својот танцов перформанс „Rockstar“ и ВТОРО место за групна изведба во категорија „Мини кидс“
Фестивалот собра 613 натпреварувачи на едно место од 9 танцови студија од Македонија и во таква силна конкуренција се истакна и освои победнички медал малата Матеја.
За нејзиниот успех стои посветена работа со нивниот ментор, кореограф и претседател на танцовото студио „Mystic Dance“ , Александар Аврамов.
Mатеа ги доби заслужените аплаузи, честитки, медал и диплома, доделени после натпреварувачкиот дел, во свечениот момент на прогласувањто на победниците, во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.
Ако не го следевте фестивалот и не ја доловивте атмосферата на танцовиот фестивал кој по Втор пат се организира во Гевгелија, Ви предлагаме да го погледнете победничкиот танц на Матеа и почувствувате малку дел од младешкиот ритам.
Матеа има 7 години, а тренира танц уште од своја 4 годишна возраст. Таа настапуваше и во групен танц со своите другарки од студиото во категоријата „мини кидс“.
Oва e изведбата на групата составена од деца кои се натпреваруваа во категорија „Мини кидс“ и освоија ВТОРО место за групна изведба. Погледнете ги вештите танцови покрети на малите членки на „Mystic Dance“.
Честитки дечиња! Разиграјте го детството, живнете го животот, направете го среќен светот околу Вас!


