Гевгелиската атлетска надеж, малата 10 годишна Ана Бегова освои ПРВО место на денеска одржаната „Женска трка“ во Скопје.
Таа на трасата од 3 километри истрча најдобро време во конкуренција на деца до 12 години и се искачи на пиедесталот резервиран за победникот.
Нејзиното време од 12:31 минути за 3 километраската траса е најдобро истрчано лично време, но и најдобро за генерацијата до 12 години на 13-та по ред „Авицена женска трка“ што се одржа низ улиците на Скопје. Значи побрза и поуспешна е и од деца поголеми од неа.
Победничкиот медал го заслужи со брзите нозе, дипломата за учество и подарокот организаторот „Авицена“.
Ова е трета победа на Ана годинава во натпреварувачката 2025 година, а минатата година од учество на 23 трки има освоено 23 подиуми.
Напред АНА!