Лана Танова од Гевгелија има само 1,5 годинки и денеска учествуваше на „Женската трка“ во Скопје. Со својата возраст таа беше најмал учесник на 13-то издание на „Авицена Женска трка“ која се одржа денеска низ улиците на Скопје.
Во намерата да ги истрча 3-те километри од трасата заедно со 2,400 учесници од државата и’ помогна нејзината мајка Бојана Танова.
Лана и Бојана се тркачки тандем веќе две години заедно: трчаа на 7-мо ноемвриските трки во Гевгелија, на трката „November Run 2023“, потоа „November Run 2024“ и ова им е трета трка заедно да ги истрчат километрите од предвидената траса.
Чекор по чекор Лана и мајка и“ стасаа за 15 минути до Целта и денеска го завзедоа 187-то место од 2400 учесници, што е голем успех.
Ова е достигнување за малата Лана и за мајката спортски тренер, наставник по спорт и здравје, спортски педагог и активен поттикнувач на новите генерации да спортуваат и да се развиваат здраво.
Честитки Лана! Честитки и за мајката Бојана!
И двете се членки на АК „7 Ноемви“ Гевгелија и ќе кажеме дека Гевгелија го имаше најмалиот учесник на денеска одржаната „Женска трка“ во Скопје.


„Женската трка“ во Скопје веќе тринаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Тоа го докажуваат Лана и Бојана заедно.
