понеделник, 1, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ДЕМАНТ од ЖРК „Гевгелија ЈУГ“

април 14, 2025
in ФОКУС
ДЕМАНТ од ЖРК „Гевгелија ЈУГ“
0
SHARES
240
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По објавата на веста за ЖРК „Гевгелија југ“ под наслов „Од клуб исфрлен поради местење натпревари до нов клуб со благослов од синот градоначалник“, на порталот „Антропол.мк“ на 11 април, денеска, со свој ДЕМАНТ се јави и управата на ЖРК „Гвгелија Југ“ за да ги негира наведените наоди, да ги заштити девојките ракометарки, во служба на спортот и ракометната историја на Гевгелија.
Во демантот се наведува следново:

  • „ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ, се оградува во целост од секакви политички игри и паушални тврдења упатени на Наша адреса и остро ги ДЕМАНТИРА написите објавени на социјалните мрежи, портали и во некои медиуми, во кои стои СПОРЕН ТЕКСТ и ЛАЖНО ИНФОРМИРАЊЕ дека новоформираниот клуб ЖРК „Гевгелија ЈУГ“ е основан незаконски, без потребно одобрение од надлежен орган за употреба на назив Гевгелија (за кој се тврди дека е без архивски број и потребен штембил, а видно од истиот во лево горно ќоше содржи архивски број и печат од надлежен орган – Општина Гевгелија), без целокупната потребна документација за основање на здружението како и паушалното тврдење дека некој при основањето ја злоупотребил службената положба…

Ги замолуваме сите политички активисти од и во градот Гевгелија без разлика на боја и грб, да не се обидуваат да го нарушат нашиот углед и да го користат новоформираниот клуб „ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ“ за собирање на политички поени за некоректни цели и дека во иднина за сите вакви обиди за Наше деградирање ќе се поведат постапки пред надлежните органи во Македонија!!!

Related posts

ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

август 30, 2025
Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

август 29, 2025

Должни сме на пошироката јавност да и објасниме дека ЖРК Гевгелија ЈУГ е субјект кој е формиран согласно важечките законски прописи на РСМ, а согласно Законот за здруженија и фондации потенцираме дека секој граѓанин во Македонија има право слободно да учествува, да биде член и да основа вакви СПОРТКИ ЗДРУЖЕНИЈА…

Имено, семејството Сарамандови нема никаква ингеренција над ЖРК Гевгелија ЈУГ, а по однос на името и членството во управен одбор на Герасим Сарамандов, истото беше исклучиво поради потребата од неговото 30-триесет годишно искуство и успешна работа во женски ракомет во Гевгелија како и поради негов кредибилитет во Ракометна федеравија на Македонија во тој период како директор на младинската репрезентација, ЖРК Гевгелија како клуб ги има постигнатo своите најголемите успеси . ЖРК Гевгелија беше успешен клуб, кој во минатото има создадено златни генерации и сметаме дека секој Градоначалник без разлика на политичка определеност и припадност во иднина безрезервно ќе ја подржува ракометната приказна во градот Гевгелија!

Следствено, укажуваме и гарантираме дека во иднина ќе очекуваме и заштита на девојките и клубот, и дека со сите правни механизми согласно законите во Македонија ќе се превземат сите потребни дејствија против секој кој ќе се обиде неосновано да го извалка ИМЕТО и ДРЕСОТ на ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ.

Клубот ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ, е наследник на ЖРК Гевгелија, со една единствена цел а тоа е да се вклучат младите генерации во спортскиот живот како и да се содаде една нова ракометна приказна во градот Гевгелија и враќање на ракометниот рејтинг кој ЖРК Гевгелија го има од далечната 1957 година!!! Воедно се повикуваат сите спортски работници и ентузијасти од градот Гевгелија, кои имаат верба во нашите млади девојки и во нашата идеја, да се приклучат и да допринесат во овој нов ракометен проект од причина што токму можеби помеѓу нашите девојки-ракометарки се крие нова ѕвезда која еден ден ќе го облече националниот дрес и ќе биде гордост на градот Гевгелија. Сметаме дека треба да им се даде шанса на овие млади девојки на кои неправедно им е одземено правото за натпреварување…

Приоритет на новоформираниот клуб ЖРК ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ се Нашите млади деца, девојки, ракометарки, затоа во ниту еден случај нема да дозволуваме на каков било начин да се злоупотребуваат, особено од социјалните мрежи, портали и медиумите“ – се вели во денешниот демант на ЖРК „Гевгелија ЈУГ“.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Aлександар Груиќ од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОН на меѓународен турнир „3Nations“ во Грција

Next Post

Гевгелиските средношколци станаа ВИЦЕШАМПИОНИ во кошарка на Државно првенство

Next Post
Гевгелиските средношколци станаа ВИЦЕШАМПИОНИ во кошарка на Државно првенство

Гевгелиските средношколци станаа ВИЦЕШАМПИОНИ во кошарка на Државно првенство

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

2 години ago
Конститутивна седница на Собранието на Македонија

Конститутивна седница на Собранието на Македонија

1 година ago
Гевгелиската трка „November run 20203“ со сертифицирана  стаза за трчање

Гевгелиската трка „November run 20203“ со сертифицирана стаза за трчање

2 години ago
Дојран со ново комунално возило за метење и миење на улици

Дојран со ново комунално возило за метење и миење на улици

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале
  • Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска
  • ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

август 31, 2025
Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

август 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist