Шампионите во зонско, шампионите на Републички натпревар, тимот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија стана ВИЦЕШАМПИОНИ на Државен натпревар по кошарка во конкуренција помеѓу средните училишта во Македонија.
Денес се изборија за ПЕХАР за Второ место на Државниот натпревар кој се држа во Битола во организација на Федерацијана училишен спорт на Македонија. Од двата претходни дуели излегоа како победници, па се пласираа во финале каде се соочија со средношколскиот тим од Скопје и станаа носители на сребрени медали и Вицешампионски пехар. Во таква силна конкуренција ова беше извонредна победа за гевгелиските средношколци.

Пласманот на средните училишта на ДП е следен:
1. Прво место го освои екипата при СОУ „Јосип Броз Тито”- Скопје
2. Второ место СОУ „Јосиф Јосифовски”- Гевгелија,
3. Трето место СОУ „Јосип Броз Тито”- Битола и,
4. Четвртото место СОУ „Ибрахим Темо “- Струга.
Ментори на гевгелиските средношколци Вицешампиони се професорите по спорт и спортски активности Влатко Семенаков и Трајче Стојанов, а со свои совети помогна и тренерот на КК „Кожуф“ Апостол Апостолов.
- „За прв пат во историјата на СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија нашето училиште играше финале и го освои сребрениот медал на Државното првенство во кошарка. Вицешампиони
Честитки до момците што изгинаа!“ – напиша на социјалните мрежи менторот Семенаков.
Честитки за гевгелиските Вицешампиони!
