Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков денеска му врачи ПЛАКЕТА на хаброста исклучителниот млад човек, 19 годишниот херој на Македонија, херој во огнената ноќ кога гореше дискотеката во Кочани, жител на Виница, Јован Костадинов,
Јован е херој кој спаси 21 млад живот од дикотеката на смртта „Пулс“ вечерта на 16 март. По настанот, кога се дозна за неговото херојство се огласи градоначалникот со низа пофалби, честитки и желба за брзо закрепнување на Јован од престојот во зачадената опожарена дискотека додека спасуваше свои познаници и други млади лица од дискотеката. Градоначалникот Петков тогаш најави дека ќе предложи доделување Плакета на храброста и стипендија за студирање на сега матурантот Јован Костадинов во гимназијата во Виница.
Стипендијата и Плакетата ги одобри Советот на Општината и истите ги доделува Советот од Буџетот на општината. Стипендијата за високо образование ќе изнесува 6.000 денари месечно и ќе му биде исплачаа на Јован во следите 4 години додека трае студирањето.

Јован е светол пример за посветеноста и пожртвуваноста на еден млад човек, херој на новите генерации, херој на Македонија.
Ова е четврто признание за Јован за неговото херојско дело: најпрво доби 4 годишна стипендија за студирање во износ од 18.000 денари месечно од компанијата „Алкалоид“ од Скопје, потоа обезбедена станарина за 4 годишно студирање од газдата на фирмата „Зегин“ од Скопје, денес доби Плакета на храброста и нова втора стипендија одобрена од Советот на општина Кочани.
Ако мислите дека е многу, пробајте и вие да спасите 21 човечки живот додека беснее огнот, паѓа покривот, страдаат луѓе од задушување, да спасите 21 лице, и да ги држите со крената глава да не се задушат со голтање на сопствениот јазик. Како знаел Јован за сето ова? Посетувал курс за Брза помош и знаел како да постапи во спасувачката акција и како да не го загрози својот живот.
Наградите и плакетите се пример дека човечноста е вредна особина и треба да се истакне како светол пример со она што го сторија компаниите и општина Виница.
Жив и здрав да си хероју до века и со среќа да ја трошиш во успех стипендијата!